МАГАЗИН

Ева Лонгорија блеска на насловната страница на магазинот „Ел“! Автентична е и заводлива (ФОТО)

Актерката Ева Лонгорија (48) за магазинот „Ел“ проговори за својата режисерска кариера и дебитантскиот филм „Flamin’ Hot“, но и за нејзината убавина и сексипилност.

Лонгорија на својот Инстаграм профил ја објави насловната страница на магазинот „Ел“.

Eva Longoria

Таа позираше пред објективот во дизајнерска јакна со потпис на „Мајкл Корс“. Носеше и широки бели панталони и бел горен дел, а црната коса ја залижа и го истакна своето лице.

Ева Лонгорија во интервју за „Ел“ изјави дека целта на нејзиниот филм е да ја зголеми свеста кај луѓето за влијанието и присуството на латинската култура и традиции во американските градови.

Таа исто така рече дека додека го снимала филмот се соочила со фактот дека мажите се задолжени за филмската индустрија.

Eva Longoria Elle

– Мора да претпоставите дека имате работа – тоа го прават мажите постојано. Не претпоставуваат дека се борат за работа. Кога го предложив филмот, си помислив – ова е мојот филм. Знаев, во секој атом од моето битие, дека ќе го насочам. Мое е, мое е, мое е. Не можев да пропаднам во мојот прв филм – тоа не беше опција за мене, бидејќи тогаш немаше да добијам втора шанса – откри Лонгорија.

Таа додаде: Филмот постигна голем успех. Видов можност да создадам херој кој личи на татко ми, вујко ми или чичко ми, општо земено, на моето семејство.

Ева Лонгорија во интервјуто зборуваше и за улогата на Ева Солис во серијата „Очајни домаќинки“:

– Кога бев во „Очајни домаќинки“ бев секси. Луѓето ме прашуваа: Дали се плашиш дека твојата единствена улога во серијата ќе биде да бидеш само убава? Јас им одговорив: „Боже, не. Ќе се препуштам. Слободно продолжете да ми кажувате дека сум секси.“ Не ми е гајле, бидејќи ќе дојде ден кога ќе речете дека не сум, а и тогаш нема да ми е грижа – изјавила Ева.

Напишете коментар

Back to top button
close