МАГАЗИН

Џулија Робертс откри која улога и била најтешка: „Бев толку засрамена“

Џулија Робертс неодамна размислуваше за нејзината улога во популарната романтична комедија „Нотинг Хил“, откривајќи дека и било непријатно да ја толкува улогата на актерката.

Имено, нејзиниот лик во филмот е холивудската ѕвезда Ана Скот која се заљубува во несмасна, но шармантна сопственичка на книжарница која ја игра Хју Грант.

Julia Roberts

Во интервју за „Вог“, Џулија призна дека и било тешко да глуми некој што се занимава со истата професија како неа.

Бев толку засрамена. Речиси не ја прифатив улогата бидејќи сето тоа ми изгледаше како многу непријатно искуство. Не знаев како ќе ја играм таа личност – изјави Робертс за Vogue.

Таа признала и дека и се гади од костимите што ги носела во филмот бидејќи морала да биде облечена како типична славна личност. Само во култната сцена на крајот од филмот актерката се чувствуваше добро, за што многу придонесе нејзината одлука да носи сопствена облека.

Сцената влезе во историјата како еден од најпрепознатливите моменти на романтичното кино, што прилично ја шокираше актерката.

Мислам, тоа беше одлична сцена. Но, кој би помислил дека мојата реченица ќе стане фраза? – изјавила Џулија Робертс.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close