МАГАЗИН

Бред Пит ја тужеше Анџелина Џоли поради сопственост на лозови насади во Франција

Американскиот филмски актер Бред Пит поднесе тужба против неговата поранешна сопруга, актерката Анџелина Џоли и рускиот милијардер и сопственик на Групацијата Столи, Јуриј Шефлер, бидејќи, како што тврди, Џоли му го продала на Шефлер својот дел од имотот на лозјата Шато Миравал во Франција, без согласност на Пит.

Како што пренесува порталот Page Six, Пит (60) досега потрошил околу 10 милиони долари во правни спорови со Џоли (48).

„Ова е за спротивставување на насилниците, за одбрана на блиски луѓе, принципи и вистина. Бред Пит цврсто стои зад она во што верува. Подготвен е и да сведочи доколку има судење“, изјави извор близок до Бред Пит.

Актерот верува дека Џоли продала дел од Миравал на групата Столи „за инает“ кон него, само неколку недели откако и на двајцата им беше доделено заедничко старателство над децата по разводот.

Пит и Џоли заедно го купија Шато Миравал во 2008 година, при што Пит ја презеде водечката улога во бизнисот со лозја и производството на наградуваното пенливо розе вино. Имотот е дом на висококвалитетно музичко студио каде снимале AC/DC, Travis Scott, the Cure и други.

„Џоли потпиша договор со Шефлер набргу откако судијата му додели на Пит подеднакво старателство над нивните деца“, рекол извор близок на актерот, а самиот Пит рекол дека слушнал за трансакцијата од медиумите.

Тој тврди дека Шефлер се обидел да го „малтретира“ и да му се „закани“. Судот во Луксембург минатиот месец привремено му одзеде 10 отсто од акциите на Шелфер во Миравал, со што Пит стана мнозински акционер на имотот и лозјето.

Џоли претходно тврдеше дека поднела барање за развод откако Пит наводно се обидел да задави едно од нивните деца во септември 2016 година, исто така тврдејќи дека истурил алкохол врз неа и врз децата.

Иако ФБИ и властите во Лос Анџелес спроведоа истрага, никогаш не беа покренати обвиненија против Пит, според Page Six.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close