МАГАЗИН

Бојана Скендеровски со преработката на една од најубавите македонски песни „Море сокол пие“ како честитка за Илинден

Со гордост ви го најавуваме најновиот проект направен од душа и со душа, а со потписот на Бојана Скендеровски. Станува збор за преработката на една од најубавите македонски песни со наслов „Море сокол пие“, која доби верзија во изведба на Бојана. А токму сработеното Бојана реши да ѝ го подари на својата публика денес, на големиот празник Илинден.

„Ова е моја честитка за Илинден. Патриот сум во душа, а сега во овие сензитивни времиња за нашата земја и народ во кои сме принудени да го браниме своето и да го докажуваме сето она што е наше и ни припаѓа, се почувствував должна како уметник да го направам овој проект“, вели Бојана и додава дека својата љубов кон родољубивите песни кои често ги пее решила да ја искаже токму преку изведбата на „Море сокол пие“.

„На музиката работеа многу познати инструменталисти на народна музика, сѐ е снимено во живо затоа што сакавме да има душа“, додава Бојана.

Видеото е со потписот на Дарио Јанковиќ, а кадрите се снимани на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Мариово, Велес, Кокино, Старо Нагоричане во црквата Св. Ѓорѓи, стара повеќе од 1000 години.

„Овој проект е во чест на сите Илинденци кои го дале својот живот за да ја имаме оваа наша Македонија, која во овие турбулентни времиња мораме да ја сочуваме онаква каква што ни ја оставиле во аманет“, завршува Бојана.

Нека ни е вековит Илинден и Македонија!  

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close