МАГАЗИН

„Bella“ на Макфест 2022. Лара и Пајак најавуваат нов хит!

Талентираната и млада пејачка Лара Иванова, која го привлече вниманието на јавноста со музичките песни „Ремек Дело“, „Некогаш ќе помине“, „Цвеќе на тагата“, „Душа“ и многу други, на овогодинешното издание на Макфест, ќе го претстави новиот дует кој носи наслов „Bella“. Овој музички хит во најава, е соработка со македонската трап ѕвезда Пајак.

Песната зборува за секојдневието на еден вљубен пар и за сите авантури што им се случуваат на нивниот љубовен пат. „Тоа, тоа, тоа што го правиш намерно, тоа, тоа јас по тебе трагам упорно…“, пеат Лара и Пајак, а позади текстот и музиката стои токму потписот на „Пајак“. Аранжманот е дело на Иван Јованов-Ивајо.

Пајак веќе долго време соработува со познатата продукција „Urban Records“, а неговите хитови „Ноќва“, „Срце“, „Проблем“ и многу други, имаат милионски број прегледи, што го потврдува фактот дека овој млад пејач го очекува светла иднина.

Тизерот за „Bella“ е веќе објавен, а официјалната промоција на песната и спотот кој е во финални подготовки, ќе може да ги слушнете и погледнете на 22ри октомври, на втората фестивалска вечер на Макфест.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close