МАГАЗИН

Актерот од „Хари Потер“ објави среќни вести, фановите воодушевени! (ФОТО)

Актерот најпознат по улогата на момчето-волшебник Хари Потер и неговата долгогодишна девојка Ерин (38), ќе станат родители! Повеќето луѓе се сеќаваат на Даниел Редклиф како студент со наочари, па можеби ќе ве изненади фактот што актерот веќе има 33 години.

Како што наведува Мирор, тој и неговата партнерка ќе го добијат првото дете на крајот на годината. Ерин е исто така актерка, а парот се запозна на снимањето на филмот „Kill Your Darlings“ во 2013 година.

Врвот на славата Редклиф го доживеал кога имал само 12 години во споменатиот серијал филмови, за училиште за мали волшебници. Тој во неодамнешното интервју за Newsweek изјави:

– Сакам деца, а кога тоа ќе се случи, сакам да бидат присутни на филмските сетови.

Оваа желба ќе се исполни, па во блиска иднина ќе имаме можност да видиме мал наследник или наследничка.

Facebook коментари:

Напишете коментар

Back to top button
close