Пензионираната учителка Олив Едвардс неодамна го прослави својот 109 роденден. Таа моментално престојува во старечки дом во Северен Јоркшир, Англија, каде за роденден ја почестиле со специјален ручек со лосос и зеленчук, а и покрај тоа што рекла дека не сака никаква роденденска забава, добила торта во форма на корпа за цвеќе.
Покрај тоа, таа доби специјална честитка од кралот Чарлс Трети.
Таа верува дека тајната на долговечноста се крие во два едноставни совети – „пијте многу вода и бидете тврдоглави“. Таа откри дека сака да вежба дури и во подоцнежните години.
„Уживав во прошетката. Кога имав 80 години, играв фудбал и крикет со моите внуци“, рекла Олив, а пренесува „Њујорк пост“.
I just turned 109 years old — here’s my simple secret to a long life https://t.co/4ZJQ9FseaJ pic.twitter.com/mzy328HEe2
— New York Post (@nypost) March 25, 2023
Сега таа ги поминува деновите во читање, плетење и шиење. Олив има две ќерки, четири внуци и шест правнуци. Таа вели дека јаде три оброци на ден и дека сака лосос и аспарагус.
Интересно е што Олив не е најстариот жив човек на светот. Таа титула моментално ја има Марија Брањас Морери од Шпанија, која во јануари наполни 116 години.