АСТРОЛОГИЈА

Три најискрени хороскопски знаци: Се ќе ви кажат во лице, колку и да е болна вистината

Одредени работи во животот не можат да се сокријат, а една од нив е вистината. Колку и да се трудиме да го заокружиме она што го мислиме и да бидеме искрени со оние кои тоа го заслужуваат, меѓу нас има и такви кои ја зборуваат вистината грубо, јасно и гласно. Тие не се обидуваат да тактизираат, да бидат фини или да заштитат некого од вистината. Тие јасно ќе ви кажат како гледаат на работите и што мислат за тоа, без омекнување или разубавување. Еве некои од хороскопските знаци кои не се двоумат да ви кажат што мислат за вашата фризура, облека, момче, живот…

Овен
Импулсивен по природа и со слаба контрола, Овенот го мисли она што го мисли. Не се двоумат што да кажат, ниту ги мерат зборовите, само се брутално искрени. Не треба да размислувате за тоа како се чувствува Овенот, иако можеби ќе посакате да не сте таму кога ќе почнат да ја туркаат вистината некому во лице. Тие се обидуваат да ги предупредат луѓето од нивната околина без филтрирање и на најдобар можен начин за некои ситуации кои им се чинат лоши или кои едноставно не ги сакаат.

Девица
Со овој знак владее Меркур, планетата на размена и изразување. Иако Близнаците, кои се одлични преговарачи, се управувани од истата планета, Девиците за разлика од нив се строги во пристапот кон комуникацијата. Девицата има голема способност да види што може да се подобри, без разлика дали се работи за нечиј карактер, фризура или техника на вежбање и има потреба веднаш да го искаже тоа мислење. Големиот парадокс на овој хороскопски знак е што тие со задоволство им даваат совети на другите, но не сакаат да ги прифаќаат.

Стрелец
Стрелците имаат некаква имплицитна должност да ја кажуваат вистината и да разоткриваат лаги. Нивната искреност е еднаква на правичност која ретко ја гледате кај другите луѓе. Стрелецот е поврзан со деветтата куќа на патувањето, високото учење и проширувањето. Тие се одлични говорници, вокални проектори, за кои вистината е света и мора да се почитува. Откривањето на вистината е чесно и гласно, но често без оглед на чувствата или стравот од отфрлање.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close