АСТРОЛОГИЈА

Никогаш не се караат: Свекрва и снаа кои според хороскопот најдобро се согласуваат

Односот меѓу снаа и свекрва зависи од многу фактори, а астролозите велат дека и на тоа влијае хороскопскиот знак

Ова се хороскопски знаци кои припаѓаат на ист елемент, па размислуваат подеднакво и имаат иста енергија. Ако и свекрвата и снаата се родени во некој од хороскопските знаци кои припаѓаат на истиот елемент, поверојатно е дека добро ќе се сложуваат.

Свекрва и снаа

Огнени знаци – Овен, Лав и Стрелец

Енергични, полни со ентузијазам, го сакаат животот. Ако свекрвата и снаата се родени под некој од овие три знаци, големи се шансите да бидат заинтересирани да уживаат во животот, а не во тривијални расправии. Сакате да се дружите и сте добри домаќинки.

Земјени знаци – Бик, Девица, Јарец

Ако свекрвата и снаата припаѓаат на еден од овие три земјени знаци, тие ќе се восхитуваат на практичниот и стабилен карактер. Ќе бидат добро организирани кога станува збор за домашните обврски и семејството и ќе се почитуваат, бидејќи обете се доверливи. Тие можат добро да работат заедно, дури и во иста куќа.

Воздушни знаци – Близнаци, Вага, Водолија

Знаат да водат површни, неврзани разговори, но и длабоки. Можеби на прв поглед изгледаат ладни и нечувствителни, но не се. Затоа многумина погрешно ги проценуваат. Сепак, свекрвата и снаата во која било комбинација од овие три знаци ќе се поддржуваат и добро ќе се сложуваат.

Водени знаци – Рак, Шкорпија, Риби

Овие знаци се олицетворение на емоции и чувства. Ако свекрвата и снаата се во овие хороскопски знаци, и двете ќе ги покажат своите чувства и љубов, совршено ќе разберат што мисли, чувствува, сака да каже другата. Секогаш ќе сакаат да си помагаат, но и да се грижат една за друга.

Напишете коментар

Back to top button
close