АСТРОЛОГИЈА

Неделен хороскоп до 31. март 2024: Тајна романса за Овенот, повеќе пари за Лавот и Близнаците…

ОВЕН

Работа – Транзитот на Сонцето, кое владее со вашите таленти, над вашиот знак ве прави попретприемнички ако се занимавате со креативни или спортски активности. Добриот аспект со вашиот владетел Плутон, планетата на моќта и парите, позитивно влијае на вашите финансии доколку сте родени во март. На крајот од периодот, постара личност ќе се обиде да ве успори и да ве ограничи во нешто.

Љубов – Затемнувањето на Месечината во Вага, веќе на почетокот на периодот, негативно влијае на емотивниот живот на мартовскиот Овен. До 29 март жените Овен може да дојдат во конфликт со саканата личност поради нивната љубомора и посесивност. Нагласената 12-та куќа во која се наоѓа и Венера, владетелот на партнерските односи, ви носи тајна романса.

Здравје – Проверете го видот.

БИК

Работа – Спојот на вашиот владетел Венера и Сатурн во 11-та астролошка куќа негативно влијае на вашите финансии со тоа што ги одложува плаќањата што ги очекувате. Секстилот на Сонцето и Плутон ви носи поддршка од луѓето во позиција. Избегнувајте непотребни трошоци до 29 март. Меркур, владетелот на вашата работа и креативност, наспроти Месечината во Вага ве прави склони кон погрешни одлуки.

Љубов – Марс, владетелот на партнерските односи, ослабен во Риби, носи триење со саканата личност, која ќе кулминира околу 30 март, кога Марс ќе се приближи до Сатурн. За време на затемнувањето на Месечината во Вага на 25 март, можно е да стапите во тајна врска со колега или доктор. Дискусија со долгорочен партнер.

Здравје – Отекување на нозете.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Сонцето се движи над Овенот и вечерта на 29 март прави секстил со Месечината во Стрелец, што ви носи можност да заработите преку занимања кои имаат врска со кратки патувања, трговија, интелектуални активности. Поради ослабената позиција на Марс во близина на Сатурн, на полето на астролошката кариера мајските Близнаци на крајот на периодот наеднаш ќе мора да сменат дел од своите планови.

Љубов – Затемнувањето на Месечината во Вага на 25 март им носи емотивни проблеми на жените Близнаци, што доведува до постепено заладување на односите со саканата личност до крајот на неделата. Позицијата на вашиот владетел Меркур и Нептун, која управува со партнерските односи, сугерира онлајн средба.

Здравје – Опасност во сообраќајот.

РАК

Работа – Преминот на Сонцето (владетелот на вашиот бизнис) над Нептун и влегувањето во астролошката куќа на кариерата каде веќе се наоѓа астероидот Злато, оваа недела ви носи зголемување на приходите. Планетата на акцијата, Марс, блиску до Сатурн во Риби, ви одговара ако сте присутни во јавноста за работа, или ако практикувате адвокатура, мода. Позицијата на Месечината на 27 март им носи успех на уметниците и спортистите.

Љубов – Затемнувањето на Месечината во куќата на приватниот живот, на 25 март, носи проблеми, особено за жените, во врската со саканата личност. До 29 март можно е да сретнете стара симпатија, на чиј шарм тешко дека ќе можете да одолеете. Слободните Ракови можат да запознаат атрактивна личност на кратко патување, предавање или семинар.

Здравје – Проверете го вашиот хормонален статус.

ЛАВ

Работа – Вашиот владетел, Сонцето, транзитира низ деветтата астролошка куќа и прави брилијантен аспект кон Плутон, планетата на парите, оваа недела, носејќи ви добра заработка преку активности поврзани со патувања, образование, како и нови контакти со странци. Со спојот на Марс и Сатурн во Риби, на крајот од периодот треба да избегнувате ризични финансиски трансакции и трошоци.

Љубов – Затемнувањата на Месечината во Вага на 25 март сугерираат да одите на кратко патување со личност која ја запознавате преку работа. Нагласеното астролошко поле на страст, за јулските Лавови, носи љубовен занес до крајот на неделата, а за Лавовите од август, повик од стара симпатија. Партнерот покажува знаци на посесивност и љубомора.

Здравје – Време е за рекреација.

ДЕВИЦА

Работа – Владетелот на вашата интуиција, Сонцето, транзитира низ астролошката куќа на финансиите и формира брилијантен аспект со Плутон во куќата на работата, носејќи ви профит преку контакти со странци. Позицијата на вашиот владетел Меркур, која управува и со вашата кариера, ви одговара доколку работите во медиумите или се занимавате со јавни активности, право, мода. Слушајте ги советите на Скорпијата.

Љубов – На почетокот на периодот, слободните Девици очекуваат страсна средба со Рибите. Марс во седмата куќа носи расправии и заладување на односите со саканата личност. За време на затемнувањето на Месечината во Вага на 25 март, можете да запознаете чувствителна Риба преку деловни контакти. Добивате романтична порака од Бикот.

Здравје – Пазете се од инфекција.

хороскоп

ВАГА

Работа – Сонцето транзитира низ седмата астролошка куќа и прави добар аспект со Плутон, што ви носи популарност, ако работите во медиумите, се занимавате со интелектуални или активности што вклучуваат пократки патувања. Вашата и владетелот на вашите финансии, Венера, блиска до Сатурн, предупредува на вонредни трошоци. Месечина во Стрелец, 29 март, ви носи кратко службено патување.

Љубов – Затемнувањето на Месечината на 25 март им носи проблеми на септемвриските Ваги поради љубомората и посесивноста на партнерот. Позицијата на Марс, владетелот на партнерските односи, на крајот на неделата навестува запознавање со колега. Во втората половина од неделата можна средба со некој со поголема разлика во годините меѓу вас.

Здравје – Променете ја исхраната.

СКОРПИЈА

Работа – Вашиот владетел во кариерата, Сонцето, во астролошката куќа на секојдневните работи прави добар аспект за вашиот владетел Плутон, што ви носи зголемен приход преку приватен бизнис, услужни активности и алтернативни форми на лекување. Позицијата на вашиот владетел Марс во близина на Сатурн во Риби, на крајот од периодот, им одговара на спортистите и уметниците. Слушајте ги советите на Рибите.

Љубов – Нагласената куќа на љубовта, во првиот дел од неделата навестува можност за обновување на врската со водениот знак. Скорпиите кои се во брак или долга врска очекуваат заладување на односите со партнерот. Затемнувањето на Месечината на полето на тајните на 25 март ја најавува можноста за влегување во турбулентна романса со зафатена личност.

Здравје – Поминувајте повеќе време во природа.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Сонцето, кое владее со вашите таленти, во астролошкото поле на креативност, формира брилијантен аспект со Плутон, носејќи им успех на уметниците и спортистите преку контакти со странци. Спојот на Венера и Сатурн, планетата на парите и ограничувањата, во овој период негативно влијае на вашите финансии. Поради положбата на вашиот владетел Јупитер, можете да заработите преку недвижен имот.

Љубов – Марс се приближува кон Сатурн на полето на приватноста, носејќи ви дома и семејни проблеми. Во моментот на затемнувањето на Месечината во Вага, на 25 март, интересна личност може да ви го привлече вниманието на пократко патување. Меркур, владетелот на партнерските односи, навестува запознавање со огнен знак преку Интернет.

Здравје – Бидете внимателни зад воланот.

ЈАРЕЦ

Работа – Нептун, симбол на имагинацијата, во близина на Сонцето во четвртото астрлошко поле одговара на Јарците кои се занимаваат со самостојни активности во својот дом. Во средината на неделата би требало да ги послушате советите на Ракот. На крајот на периодот, Марс се приближува до вашиот владетел Сатурн на полето на бизнисот и договорите, носејќи ви профит преку креативни и какви било работи поврзани со спортот.

Љубов – Аспектите на Плутон, симболот на страста, во вашиот знак ви носат додворување на харизматична личност која ќе се обиде се за да ве освои. Во моментот на затемнувањето на Месечината во Вага, на 25 март, можни се конфликти со брачен или долгогодишен партнер. Кон крајот на неделата односот со водниот знак се заладува.

Здравје – Бидете внимателни во сообраќајот.

ВОДОЛИЈА

Работа – Секстил помеѓу Плутон во вашиот знак и Сонцето во третата астролошка куќа ви носи зголемување на приходите преку пократки патувања, пишување или интелектуални активности. Поради нагласеното астрлошко поле на работа, оваа недела може да очекувате понуди за профитабилни аранжмани со странци од прекуокеанските земји. Во средината на неделата, прифатете го советот на Стрелец.

Љубов – Меркур, задолжен за вашиот љубовен живот, во близина на астероидот Карма во куќата на флертувањето, ви носи контакт со стара симпатија. Слободните Водолии, во некој клуб, навечер, среде периодот, можат да запознаат некој за кој нема да престанат да размислуваат. Добивате романтична порака од Близнаците.

Здравје – Забоболка.

РИБИ

Работа – Вашиот владетел Нептун, блиску до Сонцето на второто астрлошко поле, ви носи нови шанси да ги зголемите приходите преку бизнис со странци од земјите од германско говорно подрачје. Венера, планетата на парите, прави добар аспект во вашиот знак за вашиот совладетел Јупитер, носи инспирација за уметниците и мотивација за спортистите. На крајот на периодот можно одложување на договор.

Љубов – Со четири планети во вашиот знак, вие сте сакани и популарни, па многумина ќе сакаат да бидат во ваше друштво оваа недела. Меркур, владетелот на врските, блиску до астероидот Карма, ви носи обновен контакт со некој со кој некогаш сте биле многу блиски. Затемнувањето на Месечината во куќата на страста, на 25 март, внесува тензија во врската со оженет или долгогодишен партнер.

Здравје – Пазете се од инфекции.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close