АСТРОЛОГИЈА

Месечината влегува во Бик! 3 хороскопски знаци ќе ги остварат своите желби

Месечината, планета која се движи најбрзо, денес околу 17 часот влегува во земјениот знак Бик. Месечината во Бик симболизира стабилност, сензуалност и врска со природата. Оваа позиција на Месечината најмногу ќе им одговара на Биковите, Девиците и Јарците.

Кога Месечината е во овој земјен знак, емоционалниот фокус се пренасочува кон нешта кои носат сигурност и удобност.

млада месечина во бик

Луѓето со ваква позиција на Месечината често имаат силна потреба за стабилност во емотивниот живот, како и склоност кон уживање во едноставни, но длабоко задоволувачки искуства.

Отпор кон промени
Материјалната сигурност и создавањето пријатна околина често се приоритет. Оваа енергија носи смиреност и трпение, но може да се манифестира и преку тврдоглавост или отпор кон промени.

Енергијата на Бикот во Месечината поттикнува уживање во храната, уметноста и сè што ги буди сетилата. Луѓето со ваков аспект тежнеат кон хармонија и мир, но можат да станат посесивни или премногу приврзани кон рутината.

Оваа позиција на Месечината носи сила да се емоционално потпреме на конкретното и опипливото, овозможувајќи чувство на сигурност дури и во турбулентни ситуации.

Напишете коментар

Back to top button
close