АСТРОЛОГИЈА

Љубовен хороскоп до 11 ноември! Биковите ја следат љубовта на патување, Стрелците сакаат да флертуваат…

Секој хороскопски знак ќе има интересна љубовна недела, но особено добро ќе им помине на Стрелците.

Еве што очекува секој хороскопски знак кога е љубовта во прашање:

ОВЕН
Ќе почувствувате дека сте во вашиот елемент, се ќе ви одговара совршено и ќе ви овозможи да се покажете во најдобро светло. Ќе бидете во многу љубовно расположение. Без разлика дали сте веќе во врска или ја барате, сега можете лесно да ја најдете.

БИК
Можно е да се најде љубов, но само ако патувате или можеби контактирате со некој што е далеку. Како прво, ќе ве интересираат луѓе кои потекнуваат од други култури или луѓе кои претставуваат некој интелектуален авторитет.

БЛИЗНАЦИ
Ќе забележите дека вашето расположение не е на нивото на кое бевте неодамна. Ја изгубивте веселоста и симпатичноста што ги привлекуваа другите, а можно е да страдате поради тоа во сферата на љубовта.

РАК
Се чини дека во наредниот период ќе бидете фокусирани на семејството и луѓето со кои веќе сте блиски. Поради ова нема да има многу шанси да пронајдете нова љубов, но доколку веќе сте во врска или брак, ќе уживате во хармонија со избраната личност.

ЛАВ
Ова е вашето време за љубов. Ќе имате навистина одлични можности и ако сте слободни можете да направите значајна врска. Ако веќе сте во врска, тогаш можете да очекувате понатамошен напредок во истата, евентуално кон свршувачка или дури и брак, доколку постои можност за тоа.

ДЕВИЦА
Не очекувајте особено важни настани. Можно е да се вратите кај некој со кој сте раскинале или пак да се поврзете со некој од минатото. Сепак, најверојатно се ќе остане како што е.

Luboven horoskop 1

ВАГА
Во наредниот период ќе бидете повеќе заинтересирани за физички контакт со личноста која ви се допаѓа. Страста и еротиката ќе бидат во центарот на вашиот интерес, но и се друго што ги радува сетилата и претставува одредено уживање.

СКОРПИЈА
Во наредната недела ќе имате потреба да се потрудите околу вашиот изглед, што во последно време не го правите често. Можно е причината за тоа да е некој со кој секојдневно се среќавате, а кој ќе ве интересира или веќе ве интересира.

СТРЕЛЕЦ
Ќе бидете многу духовити и флертувачки во комуникацијата, поради што лесно можете да заинтересирате некого без никаков физички контакт или лично познанство. Еве зошто ова е добро време да барате љубов на социјалните мрежи.

ЈАРЕЦ
Ова е период од годината кога ќе доживеете значителен напредок во сферата на врските, бидејќи планетите на љубовта и еротиката се во хармоничен однос. Ова особено важи за оние кои се под знакот Јарец, бидејќи ќе имаат повеќе можности за романса и флерт.

ВОДОЛИЈА
Во наредниот период лесно можете да најдете љубов во поголемо општество. Најважно е да се движите меѓу луѓето и да стекнете познанства, а љубовта ќе се случи. Може дури и да се случи да се заљубите во некој од вашиот круг на пријатели.

РИБИ
Следната недела ќе бидете интроспективни, а вашата самоапсорпција ќе остави малку простор за каков било романтичен контакт. Едноставно нема да изгледате достапно толку фокусирано на себе, па никој нема ни да ви пријде.

Напишете коментар

Back to top button
close