АСТРОЛОГИЈА

Хороскоп за вторник, 22 август: Лавовите имаат стравствен состанок, Стрелците добиваат порака од Овен

ОВЕН
Месечината во астролошкото поле на пари и ризик, под влијание на Плутон, ја поттикнува вашата амбиција кога станува збор за зделки поврзани со купопродажба на недвижен имот, станбен или деловен простор, градежни работи. Слушајте ги советите на Девица или Јарец.

БИК
Влегувањето на Месечината, која управува со вашата ментална состојба, во седмата астролошка куќа ви дава можност да реализирате некои креативни идеи, особено ако се занимавате со професија преку која сте присутни во јавноста. Скорпијата сака да ве види.

БЛИЗНАЦИ
Владетелот на вашите финансии, Месечината, на астролошкото поле на работа, прави добри аспекти со вашиот владетел Меркур и Сатурн, што ви носи шанси за профитабилен договор за нов проект со луѓе со кои порано соработувавте. Стрелецот ви праќа порака.

РАК
Вашиот владетел, Месечината во Скорпија под влијание на Сатурн, кој управува со партнерските односи, ветува можност за соработка со луѓе од странство доколку вашето занимање е на кој било начин поврзано со уметност, спорт, образование на младите.

ЛАВ
Поминувањето на Месечината преку четвртото астрлошко поле, во тројка со вашиот владетел Сонцето, ја нагласува вашата интуиција и креативност, кога станува збор за реализација на приватен или семеен бизнис. Страсна средба со Овен или Водолија.

ДЕВИЦА
Со Месечината во астролошката куќа на договорите и комуникациите, размислувате за договор со луѓе кои ви нудат шанса да обезбедите стабилен извор на приходи на долго време. Емотивниот партнер се обидува да ви даде до знаење дека сте го запоставиле.

хороскопски знаци

ВАГА
Месечината, која владее со вашата кариера, во астролошкото поле на работа и пари, формира напнат аспект со Плутон, симболот на парите, предупредувајќи ве повеќе да водите сметка за вашите трошоци. Имате поддршка од жените, без разлика на вашиот пол. Средба со Близнаци.

СКОРПИЈА
Месечината во вашиот знак, под влијание на вашиот владетел Плутон во ретрограден транзит низ Јарец, ги нагласува деловните договори со луѓето кои живеат во странство. Попладне можна средба со стара симпатија. Добивате порака од Риби.

СТРЕЛЕЦ
Вашите креативни идеи наидуваат на различни реакции кај колегите и претпоставените, поради положбата на Месечината, владетелот на вашите финансии. Оженет или долгогодишен партнер покажува љубомора и посесивност, затоа што мисли дека се гледате со некој друг. Добивате порака од Овен.

ЈАРЕЦ
Иако имате поддршка од пријателите, сепак треба да внимавате на кого ќе ги откриете вашите планови за некои уметнички проекти и аранжмани. Саканата личност очекува да и посветите повеќе внимание. Слободните Јарци можат да запознаат некого на пократок начин.

ВОДОЛИЈА
Ретроградната Венера влијае на вашиот начин на размислување кога станува збор за вашата врска со Овен. Месечината во астролошката куќа на кариерата ја поттикнува вашата амбиција, особено ако се занимавате со градежни работи, туризам, недвижнини. Слушајте ги советите на Скорпијата.

РИБИ
Месец на астролошко поле на контакти со непознати ви носи понуда за нов аранжман, кој ќе ви го препорачаат пријателите. Сакате на една Скорпија да и покажете колку се грижите за неа на романтичен начин. Ракот сака да ве види, Бикот ви праќа порака.

Back to top button
close