АСТРОЛОГИЈА

Дневен хороскоп за сабота, 26 август: Близнаците во тајна врска, Овенот е уморен, а еве кој ќе ги промени своите животни навики

За Рибите не е особено добар период за љубов, но тие ќе имаат поголеми шанси овој викенд.
Еве што може да очекува секој хороскопски знак денес:

ОВЕН
ЉУБОВ: Добра комуникација, но повеќе ќе ве интересираат слободните врски и пријателства отколку романтичните комбинации. РАБОТА: Помал успех за оние кои се занимаваат со давање услуги. ЗДРАВЈЕ: Замор.

БИК
ЉУБОВ: Емоционална врска со личноста која ви се допаѓа. РАБОТА: Ќе бидете притиснати од финансиски проблеми кои ќе ве принудат да бидете поштедливи. ЗДРАВЈЕ: Висок шеќер во крвта.

БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Можно е поради некои несигурности да ги криете чувствата или да имате тајна врска. РАБОТА: Сè уште можни проблеми од правен карактер. ЗДРАВЈЕ: Проблеми со стомакот.

РАК
ЉУБОВ: Можна љубов со некој од вашиот круг на пријатели. РАБОТА: Инфузија на готовина и лесен пристап до помош. Ако ви треба системска поддршка, сега е време да ја побарате. ЗДРАВЈЕ: Добро.

ЛАВ
ЉУБОВ: Ќе бидете харизматични и привлечни, што ќе ги импресионира и привлече сите. РАБОТА: Можете да добиете помалку пари, особено од се што е поврзано со недвижен имот. ЗДРАВЈЕ: Зголемен апетит.

ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Нема да имате можност да се посветите на љубовниот живот. РАБОТА: Можно е да направите промена во кариерата. ЗДРАВЈЕ: Ќе ги промените вашите навики, што позитивно ќе влијае на вашето здравје.

Horoskopski znatsi 2

ВАГА
ЉУБОВ: Доколку сте сами, многу е можно да сретнете некој кој ќе ви ги разбуди емоциите. РАБОТА: Ќе имате административни или логистички проблеми. ЗДРАВЈЕ: Одлично.

СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Можна е лоша комуникација со личноста која ви се допаѓа. Обидете се да бидете појасни. РАБОТА: Блокада во оваа сфера или полоши услови за работа. ЗДРАВЈЕ: Послабо.

СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Доколку сте во врска, сепак ќе има тензија во врската, а доколку сте сингл лесно може да се случи да се заљубите во некој со кој работите. РАБОТА: Ќе уживате во работата и ќе бидете успешни. ЗДРАВЈЕ: Чувствителни.

ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Ќе имате можност да остварите контакт со некој кој веднаш ќе ви се допадне и во чие друштво многу ќе уживате. РАБОТА: Можна одредена добивка или зголемен паричен тек. ЗДРАВЈЕ: Слабо.

ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Доколку сеуште не сте ја пронашле љубовта, ова е период кој ветува. Доколку сте во врска, ќе доживеете прекрасни моменти со саканата личност. РАБОТА: Можни се кадровски промени. ЗДРАВЈЕ: Болки во стомакот.

РИБИ
ЉУБОВ: Не е особено поволен период за љубов, но вашите шанси се малку подобри овој викенд. РАБОТА: Можно е да започнете сопствен бизнис или да работите од дома. ЗДРАВЈЕ: Солидно.

Back to top button
close