АСТРОЛОГИЈА

Дневен хороскоп за сабота, 14 октомври: Овенот активен на сите полиња, Бикот напнат а Близнаците треба да се потпрат на себе

Овен

Ќе бидете многу активни на сите полиња иако е ден за одмор. Обидете се да вклучите што повеќе луѓе во деловните активности бидејќи тоа ќе ви олесни во однос на работата и роковите за исполнување.

Бик

Денешната љубовна ситуација ќе биде многу напната и многу е важно да знаете што сакате, а што не. Партнерството мора да се расчисти особено кога се работи за работи од минатото кои се уште ги влечете и кои се уште не сте ги решиле.

Близнаци

Од вас зависи како ќе се одвиваат работите, особено во односот со семејството или родителите, никој не е должен да ви ги решава проблемите, затоа потпирајте се единствено на себе и грижете се за евентуалните проблеми со кичмата.

Рак

Состојбата со семејните конфликти завршува и тоа е она што најмногу ве радува, најдобро е да ставите крај на се што не ве интересира бидејќи време е да се свртите кон себе и вашата деловна страна.

Лав

До крајот на денот ќе се очекува од вас многу повеќе отколку што планирате, особено во односите со партнерот, пазете се од озборувања бидејќи тоа е нешто што може да ви го уништи денот, особено кога се во прашање односите со луѓе од вашата минатото

Девица

Ситуацијата во кругот на семејството е многу поволна и тоа ви дава голема поддршка за работите кои допрва треба да почнете да ги правите. Немојте да бидете тврдоглави кога се во прашање односите со партнерот, туку слушајте ги советите на партнерот во однос на парите.

хороскопски знаци

Вага

До крајот на денот ќе бидете многу вознемирени поради некои работи кои не се ваша одговорност, обидете се да го најдете одговорот на сите овие прашања, но најважно, да го зачувате вашиот внатрешен мир заради вашето здравје.

Скорпија

Вашата тврдоглавост и упорност често може да ве чинат, но за време на денешниот конфликт со партнерот, тоа би ви помогнало да се превртите и да научите да го цените она што моментално го имате. Главоболка.

Стрелец

Денеска ќе одморите, и тоа заслужено. Деловната ситуација ве исцрпува па погрижете се во наредниот период да споделувате се што правите со другите луѓе и да не бидете осамени во тој деловен процес. Љубовната ситуација е стабилна.

Јарец

До крајот на денот некој ќе ви каже премногу за другите луѓе, особено кога се во прашање односите со најблиските, не очекувајте некој наместо вас да ви ги решава љубовните проблеми, па време е за разговори во вториот дел од денот.

Водолија

Меркур го активира вашето поле на деловни преговори и ќе бидете многу фокусирани на тие работи, ситуацијата со партнерот е нестабилна бидејќи немате време да се посветите на неговите проблеми, најдете добар изговор.

Риби

Деловната ситуација е многу цртана за вас и ова е момент кога навистина треба да се одморите и да се опуштите што е можно повеќе во вашиот дом. Пазете се од ненадејни одлуки во однос на врската со партнерот бидејќи неговата енергија е многу нестабилна.

Напишете коментар

Back to top button
close