АСТРОЛОГИЈА

Дневен хороскоп за недела, 7. април 2024 година

Овен

Ова е добар ден да се посветите на се што сте запоставиле, поточно на односите со луѓето со кои долго време работите. Кога станува збор за љубовта, Венера во Овен ги погодува вашите страсни аспекти и ви носи големи љубовни можности.

Бик

Пазете се од врски во кои може да бидете повредени и емоционално ранети затоа што имате потреба секогаш да го кажувате она што го мислите без да размислувате што може да произведе од другата страна. Личноста под знакот Лав е одлична деловна поддршка за вас, но и предизвик бидејќи не можете да процените што всушност таа личност сака.

Близнаци

Денеска ќе бидете позитивно расположени без разлика на негативното влијание на ретроградниот Меркур и без разлика што не сте во можност да создадете позитивна атмосфера во кругот на семејството. До крајот на денот внимавајте на можните области во односот со луѓето со кои живеете.

Рак

Свртете се малку повеќе на своите ставови и на се што ќе донесете како одлука, бидејќи многу е важно како ќе се однесувате во следните денови кон сето она што сте го создале. Здравјето е стабилно, но има важни промени во начинот на исхрана.

Лав

Во следните неколку дена обидете се да се свртите кон себе и кон се што е важно за односите со луѓето околу вас. Не дозволувајте другите да се однесуваат со вас онака како што не заслужувате затоа што треба да научите да се почитувате многу повеќе. Здравјето е одлично.

Девица

Пазете се од ненадејни емоционални пресврти кон кои може да бидете склони како резултат на вашето партнерство. Не дозволувајте вашиот партнер да ви се налути затоа што не заслужувате да имате такви проблеми овие денови. Одморете се многу повеќе отколку што мислите дека ви е потребно.

дневен хороскоп

Вага

Ова е идеален период да ги кажете оние работи што ги имате, особено кога е во прашање врската и не е добро да чувате тајни од партнерот. Научете дека сè што правите сега е за ваша корист и за она што следува. Веќе неколку дена ве боли ‘рбетот, па грижете се за тоа.

Скорпија

Ситуацијата во кругот на семејството е постабилна благодарение на вашата потреба да доминирате и да создавате аспекти кои се многу подобри отколку што треба. Не дозволувајте другите да си играат со вашите чувства особено кога станува збор за деловни и емотивни односи.

Стрелец

Пазете се од ненадеен пресврт, особено во однос на деловната ситуација која треба да се стабилизира. Личноста под знакот Лав е одлична деловна поддршка за вас, која може да прерасне во поголемо деловно пријателство. Здравјето е стабилно.

Јарец

Во овој период многу е важно да се грижите за себе и за она што го создавате како своја иднина. Немојте да мислите дека другите ќе направат некои работи за вас, сепак сте тука за да направите се што е потребно и да завршите одредени работи од минатото.

Водолија

Деловната ситуација ќе биде постабилна во моментот кога ќе научите одредени работи да ги нарекувате со нивното вистинско име. Не дозволувајте вашиот партнер да ве гледа без да ви даде конкретно објаснување зошто го прави тоа. Можни проблеми со финансиите поради член на семејството.

Риби

Пазете се од нагли промени кога се во прашање односите со луѓе од странство, особено ако се работи за пари и финансиски состојби. Здравјето ви е стабилно, но внимавајте на проблемите со спиењето на кои можеби сте склони поради стресните ситуации во кругот на семејството.

Subscribe
Notify of
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
Back to top button
close