АСТРОЛОГИЈА

Дневен хороскоп за четврток, 10 август: За Овенот можна е афера, Стрелецот е социјален, а овој знак го очекува добивка од игри на среќа

Месечината, најбрзо подвижната планета, е во Близнаци, па ни носи подобро расположение. Оваа планетарна положба најмногу ќе им биде пријатна на Вагите, Близнаците и Водолиите.

ОВЕН
ЉУБОВ: Можна е афера, но не и нешто што е стабилно или долготрајно. РАБОТА: Можна е промена на работната позиција или промена на работното место. Модернизација на канцеларијата и успех на оние кои се занимаваат со уметност. ЗДРАВЈЕ: Солидно.

БИК
ЉУБОВ: Ќе ве интересира некој кој воопшто не е за вас. Во моментов, вашиот радар е целосно погрешно поставен и треба да избирате повнимателно. РАБОТА: Успех во образованието и спортот. ЗДРАВЈЕ: Проблеми со стомакот.

БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Хармонија во врската поткрепена со позитивни настани и животни околности. РАБОТА: Можни се мали недоразбирања со колегите. Проблем со меѓучовечките односи на работа. ЗДРАВЈЕ: Невралгија.

РАК
ЉУБОВ: Денес ќе бидете целосно ориентирани кон љубовта и врските, поради што можете да напредувате во оваа сфера. РАБОТА: Можен успех за оние кои се занимаваат со трендови и мода. ЗДРАВЈЕ: Проблеми со стомакот.

ЛАВ
ЉУБОВ: Љубовниот живот ќе ви биде нестабилен, бидејќи ќе барате слобода од сите обврзувачки врски. РАБОТА: Можни проблеми во приватниот бизнис или во сферата на финансиите. ЗДРАВЈЕ: Многу добро.

ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Можно е разочарување во љубовта. Ќе имате впечаток дека личноста што ја избравте ве изневерила на некој начин, дури и ако не го направила тоа. РАБОТА: Добивка од игри на среќа и шпекулации. ЗДРАВЈЕ: Подобрување.

хороскопски знаци

ВАГА
ЉУБОВ: Можна кратка или недефинирана врска со некој од вашиот круг на пријатели или некој што ќе го запознаете преку пријател. РАБОТА: Ќе уживате во малку попозитивен тренд во кариерата. ЗДРАВЈЕ: Послабо.

СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Ќе запознаете некој нов или ќе воспоставите нов контакт на социјалните мрежи. Виртуелна романса. РАБОТА: Можни административни проблеми, но и ненадејна парична добивка. ЗДРАВЈЕ: Аритмија.

СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Денес ќе бидете многу социјални. Ќе остварите контакт со повеќе луѓе кои ќе ви го разбудат интересот. РАБОТА: Ќе имате одредени проблеми во работниот процес. ЗДРАВЈЕ: Можна главоболка.

ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Можни нови контакти и добра комуникација со личност која ве интересира, или уште повеќе луѓе кои сите ќе ви бидат привлечни. РАБОТА: Ќе го завршите тоа што остана недовршено. ЗДРАВЈЕ: Слабо.

ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Вашиот љубовен живот веројатно ќе се сведе на површно флертување на социјалните мрежи, со луѓе кои едвај ги познавате. РАБОТА: Нема промени во оваа сфера. ЗДРАВЈЕ: Алергии.

РИБАИ
ЉУБОВ: Не сте особено заинтересирани за љубовниот живот и поради тоа сепак ќе ви изгледа прилично сиромашен. РАБОТА: Ќе се занимавате со недвижнини или приватен бизнис. ЗДРАВЈЕ: Послабо.

Back to top button
close