Овие денови пред големиот христијански празник, Велигден, многумина се одлучуваат на пост. Тоа за одредени луѓе не е само традиција туку и начин за физичко, емотивно и спиритуално прочистување.
Во период кога избегнувате мрсна храна, месо…сепак сакате да јадете нешто посно, здраво и пред се убаво. Во тој случај идеална дестинација за вас и вашето семејство се рестораните Сидро.
Дополнително ако овие дождливи денови ви недостасува сонце и морското синило и мирисот на морска храна, во опуштениот амбиент на ресторани Сидро, ќе се опуштите и помалку разведрите. Целиот ресторан е со детали што потсетуваат на море. Храната која тука се подготвува е свежа, подготвена од врвни готвачи. Па така кога станува збор за избор на морска храна рестораните Сидро се прва опција за Скопјани. Не случајно одлични рецензии и препораки има и на Trip Adviser.
Овде гостите може да ги пробаат најдобрите риби, ракови, пржени каламари, ракчиња во кадаиф, лосос и рижото. Секое јадење нуди автентични вкусови кои долго се чувствуваат.
Па така ако постите овде секако ќе најдете избор по ваш вкус.
Сидро не е само ресторан за јадење, тоа е посебно место, со разумни цени и ексклузивен фокус на морските плодови, Морската храна и хранливите материи што ги содржи во изобилие, во кои спаѓаат и омега 3 масните киселини, влијаат позитивно врз човечкиот организам. Овој вид на храна е значително полезен ако сакаме да сме во одлично здравје.
Времето поминато во Сидро не е само обичен ручек или вечера туку сетилно патување што гради спомен и живее долго по последниот залак. Сидро нека биде гастрономски компас за вистинските љубители на добра храна.