КУЛТУРА

Прва премиера на независното театарско здружение „Штрих“

Независното здружение „Штрих”, заедно со Народен театар Битола и Младинскиот културен центар – Скопје ја подготви претставата Only Artists Left Alive, која на 30 јули премиерно ќе се прикаже во Народниот театар Битола.

Штрих

„Only Artists Left Alive говори првенствено за моќта и способноста на актерот и сѐ она кое актерската уметност може да му го пружи на човештвото со поставување на прашањето „Дали научивме нешто од сево ова?“. Начинот на кој ова функционира е со склоп на повеќе сцени од разни автори и временски периоди кои говорат за многу повеќе од обичните и секојдневни човекови проблеми. „Only Artists Left Alive“ патува низ времето, играјќи си со неговата хронологија, од самите почетоци на антиката, па се до денешницата. Се наоѓаат клучните ‘извичници’ во драмската уметност преку кои актерот со векови се обидува да ‘удри шлаканица на будалата’ и да биде главниот катализатор во процесот на освестување и преобразба на човештвото. Тематиката на ова дело не го ограничува да остане само за театарџиите и театарската публика. Претставата е далеку од нешто на кое големиот дел од публиката е навикната да го гледа на сцена. Во случај како овој, тоа е од голема полза особено во одност на тоа што е целта на претставата, каде и на што е ставен акцентот и која е пораката со која гледачот треба да го напушти гледалиштето.“ Претставата е во режија на Мартин Кочовски, со продуцент Борис Василески и драматургија на Стефан Миленков. Актерската екипа ја сочинуваат: Томислав Давидовски, Ава Хусеини, Марјан Наумов, Јанка Лефкова, Здравко Стојмиров и Марија Стефановска. Музиката ја има подготвено Пеце Трајковски, сценографијата е на Филип Јовановски, а костимографијата на Марта Дојчиновска. Претставата е ко-продукција на независното здружение „Штрих“, Народен театар Битола и Младински културен центар – Скопје.

Претставата ќе ја има првата изведба во Скопје во септември 2022 година

Напишете коментар

Back to top button
close