МАГАЗИН

Сара Мејс – жена, мајка, кралица. Заедно со сопругот Димитар во фотосесија за Yamamay 2 месеци после подорување

Пејачката и харфистка Сара Мејс заедно со нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски објавија соработка со италијанскиот бренд за долна облека Yamamay за нивната нова колекција есен/зима’2022. Сара, која неодамна стана мајка по втор пат, сподели во објава на инстаграм: “Ме прашуваа како ќе сликаш, само што се породи…?! Дечки, важно е ТИ како се чувствуваш. И каква енергија ТИ произведуваш. Останатото се прилагодува на првите две”.

DSC 8332

Димитар од друга страна сподели: “Многу ми беше чудно кога ни се јавија од Yamamay дека сакаат ние да ја претставиме новата есен/зима колекција. Прво, затоа што не сме модели и второ, затоа што има далеку поспремни дечки од мене. Но Yamamay не потсетија дека треба да се сакаме себе си и да ја споделиме љубовта со нашите најмили. Па затоа решивме заедно да ја споделиме нашата љубов и да ги охрабриме сите родители да се чувствуваат убаво во својата кожа. Ова е само почетокот на нашата Yamamay приказна, се надевам ќе ви се допадне…”

Погледнете ги фотките и почуствувајте ја енергијата на овие млади родители кои навистина ги претставуваат вредностите на љубовта еден кон друг, а и кон самите себе:

Напишете коментар

Back to top button
close