КУЛТУРА

Краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“ на Лидија Мојсовска на филмскиот фестивал во Талин

Краткиот филм “Само ѓаволот се плаши од вода” во режија на Лидија Мојсовска, својата интернационална премиера ќе ја има на фестивалот за краток филм PÖFF Shorts, кој е дел од фестивалот Black Nights Film Festival – PÖFF во Талин, Естонија. PÖFF Shorts ќе се одржи од 15 до 23 ноември 2022 година.

Samo gavolot se plashi od voda Lidija Mojsovska

Главните улоги ги толкуваат Ангел Ристоски, Анастасија Јованоска и Тинка Ристеска. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Лидија Мојсовска и Јаков Попоски, кинематографер е Бранко Аврамовски, монтажер Михаил Димитров, сценографијата е на Александра Чевреска, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Снежана Ангеловска Живковска, а музиката е на Ален и Ненад Синкауз.

“Само ѓаволот се плаши од вода” е приказна за Борис и Кира чие пријателство е ставено на тест, кога Борис под влијание на неговата баба ќе ќе почне да се сомнева дека Кира е олицетворение на Ѓаволот.

Интернационалниот фестивал за краток филм и анимација PÖFF Shorts, како дел од Black Nights Film Festival – PÖFF овозможува квалификација за Оскар, Европската филмска академија и БАФТА.

Филмски фестивал во Талин – Black Nights Film Festival (PÖFF) своето прво издание го имал во 1997 година, а денес е еден од најголемите филмски фестивали во Северна Европа и е дел од А-категоријата на филмски фестивали, заедно Кан, Венеција, Берлин, Карлови Вари и др.

“Само ѓаволот се плаши од вода” е втор краток филм на Мојсовска. Нејзиниот прв краток филм “Награда” (2018) беше прикажан на повеќе од 50 фестивали и освои 18 награди.

“Само ѓаволот се плаши од вода” е во продукција на Лист Продукција и Слобода филм, а во копродукција со Антиталент од Хрватска и е поддржан од Агенцијата за филм на Р. Северна Македонија, See Cinema Network и Хрватскиот аудиовизуелен центар.

Националната премиера на филмот се случи на ИФФК „Браќа Манаки“ во август оваа година.

Напишете коментар

Back to top button
close