По смртта на британската кралица Елизабета Втора, која ќе биде погребана на 19 септември, многумина се прашуваат кој ќе ги наследи нејзините кучиња. Кралицата ја обожавала расата Пемброк Велшки Корги (Pembroke Welsh Corgi) и имала повеќе од 30 такви за време на нејзиното владеење!
Кучињата на кралицата, се разбира, живееле „на висока нога“ во палатата. Тие имале свои соби со посебни подигнати кревети, како и личен готвач кој внимателно го подготвувл секој нивни оброк. Кучињата се хранеле со говедско, пилешко и црн дроб, а како зеленчук јаделе зелка и ориз. Понекогаш, кога имала време, кралицата лично им подготвувала храна.
Нејзиниот сопруг, принцот Филип наводно ги „трпел“ кучињата заради неа, но не можел да го поднесе нивното постојано лаење. А, имале и проблеми со однесувањето, пишуваат британските медиуми, а не секогаш се согласувале добро меѓу себе или со членовите на кралското семејство. Кон крајот на осумдесеттите бил повикан стручњак за однесување на кучиња за да ги „едуцира“ односно издресира, бидејќи имале навика да трчаат и да гризаат некој од членовите на кралското семејство, или слуга. Се чини дека тоа не вродило со плод, бидејќи во 1992 година кралицата завршила во болница откако се обидела да ги раздвои скараните миленици. Ја каснало куче на левата рака и морала да стави три конци.
Првиот Корги што го доби кралицата било женка по име Сузан, подарок за 18-ти роденден од нејзиниот татко, кралот Чарлс. Сузан ја започнала „династијата“ на Корги во палатата и родила десет генерации од овие слатки кучиња.
Кралицата цел живот сакала и чувала кучиња, но во последните години одбивала да додаде нови кученца во својата колекција. Рекла дека не сака по нејзината смрт тие да станат товар за луѓето околу неа. Сепак, таа направила исклучок и во 2021 година добила уште две кучиња од нејзиниот син, проблематичниот принц Ендру.
Првиот Корги го добил името Мик, по Мик Лејк на имотот Балморал, каде што кралицата почина минатата недела. Вториот, Фергус, мешавина од Корги-дакел, но тој починал по само пет месеци, а кралицата наводно тешко го поднела тоа. Потоа ги добила коргиите на Сенди за нејзиниот 95-ти роденден, исто така од принцот Ендру, а било потврдено дека тој ќе се грижи за Сенди и Мик по смртта на кралицата. Останатите кучиња наводно ќе бидат поделени на членовите на персоналот, или семејството доколку некој реши да има доволно време да се грижи за нив – пренесуваат британските медиуми.