Во Бразил е донесен нов закон според кој разведените парови ќе можат да имаат заедничко старателство над своите домашни миленици.
Според новите правила, доколку поранешните партнери не успеат да постигнат договор, судот ќе одлучува кај кого ќе биде миленикот и дали ќе се воведе заедничко старателство. Во таков случај, може да се утврди распоред за грижа, како и поделба на трошоците поврзани со животното.

При носењето на одлуката, судот ќе ги земе предвид условите што секој од поранешните партнери може да ги обезбеди, времето што може да му го посвети на миленикот, како и она што е најдобро за самото животно.
Овој закон претставува чекор напред во признавањето на мааната улога што домашните миленици ја имаат во семејствата, третирајќи ги не само како имот, туку како живи суштества за кои е потребна грижа и внимание.






