Секој хороскопски знак ќе има интересен љубовен период, но водолиите сепак треба да бидат на стража. Еве што очекува секој хороскопски знак кога е љубовта во прашање:
ОВЕН
Оваа недела подобро ќе можете да ја одржите стабилноста на врската. Во претходниот период трчавте по возбудувања и не се грижевте за тоа како се чувствува вашиот партнер, овојпат ќе треба многу да „пеглате“ доколку сакате да бидете во врска.
БИК
Влегувате во одличен период за љубов и сигурно ќе имате можност да се заљубите, да уживате во друштво на некој што го сакате и да бидете среќни со саканата личност. Можни се и други среќни настани да ги зачинат работите.
БЛИЗНАЦИ
За вас продолжува позитивниот тренд во љубовната сфера. По краток период на можна нестабилност, повторно ќе уживате со среќа во љубовната сфера. Можно е убаво љубовно искуство и физички контакт со избраната личност.
РАК
Изгледа дека ќе излезете од вашата школка оваа недела и ќе ги маѓепсате сите што ќе ве сретнат. Ќе си поминете одлично и свесно ќе барате љубов, бидејќи ќе имате силен инстинкт за тоа. Ќе имате можност да флертувате и со некој што ви се допаѓа.
ЛАВ
Ова нема да биде премногу возбудлива недела за вас. Енергијата ќе ја вложите во исчекување на некои убави идни настани, а дотогаш ќе се занимавате со себе и со својата околина. Ќе имате убав семеен живот ако веќе имате семејство.
ДЕВИЦА
Ова дефинитивно ќе биде „ваша“ недела. Иако вообичаено не сте некој кој многу излегува, оваа недела ќе се појавите на неколку места за забава или некои дружења, каде што ќе имате можност да запознаете некој кој многу ќе ви се допадне.
ВАГА
Лошиот период е зад вас, па ако издржавте и успеавте да ја спасите вашата врска, честитки. Од оваа недела ќе бидете многу поопуштени, бидејќи нема да морате толку да се трудите за да ја одржувате хармонијата во врската, туку работите ќе се одвиваат спонтано и позитивно.
СКОРПИЈА
Вести од саканата личност, флерт или дури и изјави на љубов. Ќе имате неколку различни опции, а можно е и да ви се допадне некој кој е многу помлад од вас. Во секој случај ја канализирате љубовната енергија и поради тоа ќе имате многу понуди и можности за истото.
СТРЕЛЕЦ
Вашиот живот во последно време е многу фокусиран на обврски и работа, а малку на забава или љубов. Ниту оваа недела нема да биде многу поразлична, иако можеби ќе запознаете некој кој барем накратко ќе ве инспирира да заборавите на обврските.
ЈАРЕЦ
Ќе се чувствувате одлично и ќе работите на вашиот имиџ и изглед воопшто. Вашата привлечност ќе дојде до израз и тоа никој нема да може да го оспори. Дури и ќе бидете малку флертувачки, па сето ова ќе предизвика многу позитивна реакција кај луѓето околу вас.
ВОДОЛИЈА
Оваа недела може да биде разочарувачка за вас, иако не може да се каже дека ништо нема да се случи на љубовен план. Меѓутоа, она што се случува може да предизвика некое морално страдање кај вас, затоа избегнувајте флертување ако веќе сте во врска или брак.
РИБИ
Можно е да влезете во некоја недефинирана варијанта со некој што ви е пријател. Исто така, може да запознаете некој што ви се допаѓа на работа или преку работа. Сигурно ќе има флерт со луѓе со кои треба да имате само професионален однос.