Секој хороскопски знак го очекува интересна љубовна недела, но тоа ќе биде особено убаво за Овенот. Еве што очекува секој хороскопски знак кога е љубовта во прашање.
ОВЕН
Доколку веќе сте во врска, следната недела ќе ви донесе задоволство и хармонија, особено на физички план. Доколку сте слободни, ова е периодот кога можете да воспоставите врска. Сигурно некој ќе ви се допадне и ќе имате можности во оваа сфера.
БИК
Можно е да имате неочекувано романтично искуство. Можеби тоа ќе биде само краткотрајна афера која ќе ве изненади или можеби ќе биде нешто многу поегзотично од тоа. Во секој случај, ќе научите нешто за себе.
БЛИЗНАЦИ
Ќе имате повеќе шанси да искусите некоја виртуелна романса отколку да остварите вистинска врска. Ќе се поврзете со другите на ментално ниво, но нема да има можност за емоционална или физичка интимност со личноста која ви се допаѓа.
РАК
Вашето расположение ќе биде многу променливо, како и вашата наклонетост. Така ќе биде и со вашата симпатија или партнер, поради што вашиот љубовен живот ќе биде полн со подеми и падови и може да стане многу збунувачки.
ЛАВ
Врските и понатаму ќе бидат нестабилни, но тоа не значи дека нема да има убави настани во вашиот љубовен живот. Посебно е можно да доживеете нова љубов доколку сте сами и имате можност за такво нешто. Ако сте во врска, потрудете се да ја оживеете врската.
ДЕВИЦА
Ќе бидете многу фокусирани на сферата на врските, но и покрај тоа можеби нема да имате задоволувачки љубовен живот. Оние кои веќе имаат проблеми во врската веројатно ќе одлучат да одморат.
ВАГА
Во наредниот период ќе имате успех во љубовта. Венера сè уште е во вашиот знак. Затоа сте поубави и ја привлекувате љубовта на сите околу вас. Ќе бидете разгалени за избор бидејќи ќе имате многу обожаватели.
СКОРПИЈА
Ќе се чувствувате многу стимулирани, дури и ако никој не ви се допаѓа во моментот. Затоа можеби ќе ви се допадне некој накратко, само за да имате кој да ја насочи целата таа сензуална енергија што ве исполнува во моментов.
СТРЕЛЕЦ
Можно е да ве привлече некој од вашиот круг на пријатели или личност која ќе ја запознаете преку пријател или на некој собир. Ќе бидете многу социјални, ќе остварувате нови контакти, што ќе придонесе за сите овие случувања на љубовен план.
ЈАРЕЦ
Во наредниот период можно е да ви се допадне некој со кој работите, имате професионален контакт или дури некој кој е ваш претпоставен. Ќе ве привлекува успехот кај другите, па многу е веројатно дека оваа личност ќе биде некој успешен или барем популарен.
ВОДОЛИЈА
Во овој период би можеле да запознаете некој кој е многу учен и затоа е исклучително привлечен за вас. Доколку веќе сте во врска, можно е партнерот да треба да се чувствува важен или барем поважен од вас.
РИБИ
Животот ќе ви се преврти наопаку поради некои настани во други сфери, поради што можеби нема да бидете во ситуација да се концентрирате на љубовта. Меѓутоа, ако се заинтересирате за љубов, можеби ќе ви се допадне некој кој е супериорен од вас во одредена смисла.