АСТРОЛОГИЈА

Дневен хороскоп за сабота, 9 септември: На Скорпиите им пристигнува долгоочекуваната вест а на Девиците им се враќа проблем од минатото

Овен

Ситуацијата во куќата значително се подобрува благодарение на вашата желба да ги свртите работите во добра насока. Обрнете внимание на можните парични проблеми поради другите и нивните потреби. Можни проблеми со ‘рбетот.

Бик

Венера е активна веќе некое време и создава тензија во односите со партнерот. Обидете се да ги гледате работите од поинаков агол и да немате лични фрустрации за врската. Здравјето е стабилно.

Близнаци

Во следните неколку дена ќе бидете под силно влијание на другите луѓе, во овој случај деловната страна е многу активна. Пазете се од врските во кои треба да се натпреварувате со други луѓе бидејќи тоа не е во вашата природа.

Рак

До крајот на денот земете во предвид како се чувствувате и како функционирате, бидејќи можно е да имате чувство на нестабилност во емотивна смисла. Љубовната ситуација е многу подобра во споредба со претходните денови поради вашиот разговор со партнерот.

Лав

Ќе бидете многу расположени бидејќи сте направиле добра анализа на се што ќе кажете и како да се однесувате со другите луѓе. Веќе некое време личност под знакот Лав ви пружа исклучителна поддршка во деловна и емотивна смисла.

Девица

Обидете се да разговарате со партнерот и да ги расчистите односите кои се многу затегнати. На вас е да не дозволите минатото да се врати и да создаде љубоморни сцени во вашата врска. Можна главоболка.

Nedelen horoskop

Вага

Вашата тврдоглавост е претерана и тоа се одразува на сите односи во кругот на семејството. Ваквото однесување не ви е вообичаено и само како да се присилувате да бидете во такво расположение. Грижете се за стомачните проблеми.

Скорпија

Самиот почеток на денот е под влијание на добрите вести во однос на односите со странство и идните патувања. Личноста под знакот Водолија ви создава извонредна напнатост, но обидете се сето тоа да го игнорирате бидејќи мирот ви е важен.

Стрелец

Меркур го активира вашето поле на деловна комуникација и веќе некое време сте напнати. Научете да се смирувате и да не ги вовлекувате вашите соработници во одредени деловни тешкотии. Се може да се реши со добар и позитивен став и паметни потези.

Јарец

Денес ќе треба многу да направите кога се во прашање односите со другите луѓе и кога станува збор за средување на семејните односи. Еден важен член од семејството веќе некое време ви создава тензија и обидете се да се дистанцирате од сето тоа.

Водолија

Денес најдобро би било да се свртите кон себе и своите емоции. Ова е вистинско време да донесете некои важни емотивни одлуки, особено кога станува збор за односите со пријателите и луѓето со кои сте опкружени.

Риби

Ова е вистинскиот момент да кажете што точно мислите за семејните односи и да создадете терен за отворена и искрена дискусија во кругот на семејството. Можни проблеми со спиењето и погрижете се да се одморите доволно.

Напишете коментар

Back to top button
close