АСТРОЛОГИЈА

Дневен хороскоп за четврток, 7 септември: Деловни проблеми поради инатетот на Биковите, Риби внимавајте на вашето здравје

Овен

Денес е исклучително важен ден за задачи кои претходно сте ги заборавиле или не сте знаеле да ги завршите. Љубовната ситуација е многу комплицирана поради вашата потреба да бидете во центарот на вниманието и тоа е крајно досадно за вашиот партнер.

Бик

Тврдоглавоста е вашата доминантна особина и денес ја користите максимално. Немојте да се изненадите ако другите ве опоменуваат затоа што често не сте свесни за себе и за вашето однесување. Ова најмногу се однесува на деловната соработка.

Близнаци

Во текот на денот најдобро е да се свртите кон себе и кон вашите планови бидејќи само така можете да функционирате. Победете ги вашите емоции и научете дека не е страсно да покажувате како се чувствувате. Тоа е добро и за вашето здравје.

Рак

Денес ќе бидете многу добро расположени благодарение на добрите односи со колегите. Започнувате некои нови деловни соработки со странски земји и тоа е ваш голем успех. Сè се враќа како што давате.

Лав

Денес сте многу емотивно затворени и никој не смее ништо да ве праша. Буквално, вашиот партнер ќе биде изненаден од вашите потреби и барања. Ова може да биде резултат на лош сон или некои ваши внатрешни промени.

Девица

Во следните неколку дена ќе бидете многу расположени за разговор со партнерот. Ова е дефинитивно важно да се расчисти помеѓу вас и вашиот партнер бидејќи веќе некое време влечете некои „опашки“ од минатото.

хороскопски знаци

Вага

Венера го активира вашето поле на деловна комуникација со личност под знакот на Водолија и тоа зборува за многу добар деловен план. Најважно е одредени работи да започнете затоа што вие тоа го заслужувате. Здравјето е одлично.

Скорпија

На крајот од денот ќе сфатите дека не е потребно да губите толку време во справување со другите и нивното емотивно расположение. Обидете се да се свртите таму каде што има нешто добро за вас и строго контролирајте ги емоциите.

Стрелец

Почетокот на денот е под влијание на Марс и неговата енергија да ве придвижи одвнатре. Можете да бидете сигурни во себе и во своите емоции, така што сè што се случува е поврзано со вас и со вашите деловни соработници кои ви се многу важни.

Јарец

Во овој период можете да се посветите на се што претходно сте планирале, а сега е вистинското време за себе и за вашите емоции. Личност под знакот Водолија ви дава добри совети во врска со работата и деловната соработка во странство.

Водолија

Од вас зависи како ќе се одвиваат работите кога е во прашање односот со семејството. Многу луѓе во вашиот семеен круг имаат негативно мислење за вашите деловни потези, а тоа влијае на вас во директен контакт со нив.

Риби

Вашата емотивна страна е многу изразена и треба да ја стабилизирате таа приказна. Не дозволувајте партнерот премногу да влијае на вас, обидете се да најдете сопствено мислење за се. Проблеми со стомакот.

Напишете коментар

Back to top button
close