Прескокни до содржината

Среда, 11 ноември 2026

Маркетинг
Реклама
Традиција и забава

ГЛЕДАЊЕ НА КАФЕ

Што кажува талогот во вашата шолја? Значењето на фигурите и бројките, од А до Ш.

  • 192 фигури
  • 10 бројки
  • А–Ш по азбука
Пребарај фигура

Гледањето на кафе е стар обичај што на Балканот стигнал од Блискиот Исток, преку Османлиската империја. Од шарите што талогот ги остава во шолјата се „читаат“ фигури, а секоја фигура има свое значење. Подолу се значењата на 192 фигури од А до Ш и на бројките. Напишете ја фигурата во пребарувањето и веднаш ќе го најдете нејзиното значење.

Како се гледа во кафе

    1. Сварете домашно (турско) кафе. Само тоа остава доволно густ талог.
    2. Испијте го кафето, а талогот оставете го на дното.
    3. Покријте ја шолјата со тацната и превртете ги заедно.
    4. Оставете ја шолјата превртена најмалку 10 минути, додека талогот не се исцеди и не се исуши.
  1. Исправете ја шолјата и разгледајте ги шарите по ѕидовите и дното.

Според турската традиција, фигурите во долниот дел од шолјата се поврзуваат со минатото, а оние во горниот дел со иднината. Некои ја делат шолјата и на лева и десна половина: левата страна се смета за лош знак, а десната за добар. Толкувањата се разликуваат од куќа до куќа, па истата фигура може да значи различни работи.

Значење на фигурите во кафе од А до Ш

Не најдовме таква фигура. Пробајте со друг збор, на пр. „птица“ наместо „гулаб“.

А

  • А (буква) – Среќен почеток на нова работа
  • Аван – Потруди се во работата
  • Авион – Ќе добиете поклон за кој не се надевавте
  • Автобус – Колективно патување, екскурзија, службено патување
  • Автомобил – Среќа
  • Ајкула – Имате големи желби и амбиции но нажалост нема ни приближно да се остварат
  • Аквариум – Непријатности со саканата особа
  • Аков – Успешна работа
  • Ангел – Среќна средба во куќата / добри вести / голем настан

Б

  • Баба – Жалост во куќата
  • Багер – Во наредната недела ќе се решат многу дилеми (фигурата е сложена и ретко се гледа во шолја)
  • Бадем – Залудна работа
  • Балон – Бидете внимателни, можни проблеми и несогласувања
  • Бебе – Мали грижи
  • Бик – За жена: нестрпливо удварање; за маж: караница со пријател
  • Бор – Важен настан во зима
  • Боца – Очекувајте добри вести
  • Брег – Лош предзнак, потешкотии и препреки во остварување на целите
  • Брод – Успешно патување
  • Броеви – Играјте ги тие броеви на лото
  • Бубачка – Тешка задача ќе се постави пред вас
  • Букви во талогот – Ќе дојдете во допир со личност чие име почнува со таа буква
  • Букет цвеќе – Трајна љубов / Среќа и задоволство
  • Бунар – Замка, местенка

В

  • В (буква) – Агресивност, победа
  • Вага – Во долниот дел: караници во куќата; во горниот дел: успех
  • Вазна – Достоинство
  • Венец – Смрт
  • Верверица – За кратко време среќен настан, среќа
  • Виолина – Себичност
  • Вода – Млаз на дното на шолјата: големи пари во куќата
  • Водопад – Успех
  • Волк – Непријателство, љубомора, можна расправија
  • Врата – Многу необично искуство / Прилика за успех
  • Вулкан – Вашите емоции се надвор од контрола

Г

  • Г (буква) – Радост, искреност, јасни мисли
  • Гавран – Лоши вести
  • Гајда – Разочарување
  • Глушец – Кражба, разбојништво
  • Гнездо – Среќа во фамилијата
  • Гондола – Патување, романса
  • Грав – Финансиски проблеми
  • Грамофон – Задоволство
  • Гроб – На дното на шолјата: смрт во семејството; од страна: смрт во околината
  • Гулаб – Многу важни вести, среќа во коцка
  • Гуска – Наоѓање добри решенија

Д

  • Д (буква) – Себичност
  • Двоглед – Непријатности поради криење на некои тајни
  • Дете – Крштевање, кумство / Финансиска придобивка
  • Дим – Судење
  • Дланка – Проблеми во фамилијата
  • Дрва – Имате добри пријатели, желбата ќе ви се исполни / Промени на подобро
  • Друштво на луѓе – Весел провод

Ѓ

  • Ѓавол – Добивка на коцка / Знак на незадоволство

Е

  • Еднорог – Некој потајно ве сака или е заљубен во вас
  • Елен – Ќе се најдете во друштво со човек на висока позиција
  • Елка – Болест на мајката или бабата
  • Есцајг (прибор за јадење) – Караница со сопругата

Ж

  • Жаба – Сплетки околу куќата / Успех поради промена на живеалиште или работно место
  • Жбун – Пријатно друштво
  • Жена – Во горниот дел од шолјата: среќа; во долниот дел: љубомора; гола жена: срам
  • Жирафа – Размислете пред да кажете нешто

З

  • Заб – Зло
  • Зајак – Срамежливост или брзина
  • Замок – Разочарување, помирување со ситуација
  • Запчаник – Промена на подобро
  • Звезда – Среќа / Исполнување на ваша голема желба
  • Зграда / Објект – Преселба
  • Зебра – Прекуморска авантура
  • Зид – Покана за непристојна работа
  • Зима – Беда, болест
  • Змеј – Исполнување на желба / Коренити промени
  • Змија – Внимателно, имате непријатели
  • Знаме – Ве очекува опасност, подгответе се за судир

И

  • Играч – Разочарување
  • Играчка – Жал за детство, носталгија
  • Инсект – Ќе имате помалку грижи

Ј

  • Јаболко – Гласови на љубовта
  • Јавач – Брзи вести
  • Јајце – Богатство и успех
  • Јастреб – Можен конфликт со претпоставениот / Судење

К

  • Канџа – Непријател
  • Квадрат – Нов дом
  • Клуч – Успех на започната работа / Отворање на врати, реализација на напорите, успех
  • Книга – Некој ќе ви се довери
  • Компас – Патување кон подалечна дестинација
  • Коњ – Сила, независност / Немате сили започнатата работа да ја доведете до крај
  • Коњица – Успех во работата
  • Крива линија – Неуспех
  • Крст – Црн на белата површина: среќа; бел на црната површина: несреќа, смрт
  • Круг – Очекувајте успех
  • Круг со линија во близина – Вашиот труд нема да биде почитуван
  • Круг со точка во близина – Принова во фамилијата
  • Кругови – Неизвесност
  • Круна – Голема слава, успех
  • Круша – Финансиска сигурност
  • Куфер – Ќе добиете писмо
  • Куче – Добар и приврзан пријател, верен партнер

Л

  • Л (буква) – Бесцелна работа
  • Лав – Успех на работа
  • Ланец – Покана за свадба
  • Леопард – Новости за патување на друго место
  • Лисица – Подмолност, неискреност / Лажен пријател
  • Лист од детелина – Среќа
  • Листови од дрво – Солзи
  • Лице – Некој што ве сака се грижи за вас
  • Лонец – Помош од друштво
  • Лонци – Свадба
  • Лопатка – Мали грижи, некој ќе ви помогне да ги надминете

М

  • Магаре – Не се надевајте на помош од вашите пријатели
  • Маска – Опкружени сте со лицемери, непријатели
  • Мачка – Караница во куќата, несогласување со пријателите
  • Медицинска сестра – Болест, хоспитализација
  • Месечина – Млада месечина: мажење од љубов; полна месечина: добар брак
  • Метла – Успех на работа
  • Меч – Некој ќе ви укаже чест
  • Мечка – Добро размислете за нови одлуки
  • Млада месечина – Религиски повик
  • Мост – Ќе отстраните непријатност, ќе ја преминете препреката
  • Мотика – Финансиска придобивка
  • Мравка – Одлучност некоја работа да се доведе до успех
  • Мртовечки сандак – Ќе ви дојде непосакуван гостин

Н

  • Наковална – Деловен успех
  • Наушница – Потребно ви е внимателно објаснување
  • Нога – Кратко патување
  • Нож – Ве очекува некоја опасност, непријателот ви „крои“ нешто
  • Нос – Некој се распрашува за вас

О

  • Облаци – Сѐ ќе ви биде ведро; ситни облаци: озборување; ретки облаци: пари
  • Облека – Гостин
  • Овошје – Напредок
  • Овца – Тешка работна задача
  • Оган – Опасност од брзоплетост
  • Око – Љубомора, завист / Некој сака да ве види
  • Оро – Големо подобрување во животот
  • Оџак – Среќа во блиска иднина

П

  • Пајак – Неочекувани пари
  • Палма – Среќни денови во бракот
  • Пат – Патување
  • Паун – Мил гостин во куќата
  • Пеперутка – Флерт
  • Пила – Препреки на работа од своите соработници
  • Писмо – Пријатен глас / Ве очекуваат добри финансиски денови
  • Полна месечина – Љубов
  • Права линија – Напредок без проблеми
  • Прозорец – Љубопитен сосед
  • Прстен – Брак
  • Птици – Пријателство, добри вести
  • Пчела – Ќе запознаете нови пријатели и ќе чуете добри вести

Р

  • Рак – Чувајте се од вашите соработници, можат да ви нанесат зло
  • Рака – Пријателство и фамилија
  • Риба – Превара / Животот ќе ви биде побогат, посреќен
  • Рог – Внимавајте на влијанието на луѓето во вашата околина
  • Рогови – Опасност во близина
  • Ружа – Добро здравје и среќа

С

  • Сабја – Одликување, почест
  • Санка – Непожелна принова
  • Свеќа – Некој ќе ви помогне да успеете
  • Светец – Благосостојба во куќата
  • Свештено лице – Напредок, успех
  • Свиња – Добивка на работа
  • Скинат прстен – Проблеми во бракот
  • Слон – Голема добивка / Искрен пријател
  • Сонце – Успех на започнатата работа, општа сигурност
  • Срце – Љубов, верување и доверба
  • Стебло – Промени на подобро се на повидок
  • Стол – Неочекуван гостин
  • Стопало – Добри вести
  • Стрела – Среќна и хармонична љубов

Т

  • Терет – Нови работи
  • Топка – Некој што го познавате, а се занимава со спорт, ќе има краток период на среќа, а потоа несреќа / Работата повеќе не ви причинува задоволство
  • Торба – Пред вас е некоја замка, ако торбата е отворена можете да ја избегнете, но ако е затворена нема да можете
  • Точка во талогот – Бела точка: озборување; црна точка: непријатно писмо; повеќе црни точки: поклон
  • Тркач – Не се обложувајте

Ќ

  • Ќелава глава – Голема љубов

У

  • Уво – Ќе слушнете неочекувани вести

Ф

  • Фес – Пријатна званична вест

Х

  • Х (буква) – Затвор
  • Харфа – Среќа во животот

Ц

  • Цвет – Финансиска придобивка
  • Црв – Презир, караница
  • Црква – Вонредно напредување во сѐ

Ч

  • Чадор – Оговарање, озборување
  • Чамец – Ќе останете вдовица, вдовец / Работните обврски можете сами да ги средите
  • Чекан – Грижа
  • Чешма – Добро здравје
  • Човек со испружена рака – Поклон
  • Чорап – Оговарање, озборување

Џ

  • Џип – Голем успех на работа
  • Џокеј (Професионален јавач на трки) – Шпекулации

Ш

  • Шари – Неправилни шари на дното на шолјата: променлива материјална состојба
  • Шешир – Сѐ ќе ви оди од рака
  • Шунка – Караница со околината

Значење на бројките во шолјата

  • 1 Почеток, вест, честитка
  • 2 Запознавање, посредување, ќе ве повикаат како сведок на суд
  • 3 Ново познанство
  • 4 Разговор
  • 5 Успех, ќе ви бараат пари на заем
  • 6 Штета во вашиот дом, пожар, кражба на автомобил
  • 7 Нова љубов (ако седмицата е без црта), обновување на стара љубовна врска која ќе заврши на истиот начин (ако седмицата е со црта)
  • 8 Ќе вложите пари кои ќе ви се удвојат
  • 9 Почеток на сериозна врска, веридба, брак
  • 10 Ќе добиете неочекувани пари

Правила и верувања при гледање на кафе

Правилата не се исти насекаде и зависат од куќата и од тоа кој гледа. Еве некои од верувањата поврзани со гледањето на кафе:

  • Денот: за најдобри се сметаат вторник и петок, а се избегнуваат недела и верските празници.
  • Шолјата: по пиењето се превртува со едно движење, без дополнително вртење за да се добијат повеќе шари.
  • Кој гледа: шолјата ја чита само еден човек и тој го завршува гледањето сам.
  • Прашањата: додека трае гледањето, не се прекинува со прашања, за да не се насочува толкувањето.
  • Колку често: истата личност не би требало да си гледа повеќе пати во иста недела.
  • Желбата: на крајот се замислуваат една или три желби, со притискање на прстот во шолјата.

Може ли гледање на кафе онлајн или со апликација?

Постојат апликации што работат со фотографија од шолјата, но кај некои од нив сами ги обележувате шарите и го барате нивното значење. Во традицијата, шарите ги толкува човек што ја држи вистинската шолја, па онлајн толкувањата земете ги само како забава. Ако веќе гледате некоја шара во вашата шолја, пребарајте ја фигурата на оваа страница и прочитајте го нејзиното значење.

 

Гледањето на кафе е дел од народната традиција и е за забава. Значењата не се предвидувања врз кои треба да носите важни одлуки. Ако ве интересира и што кажуваат ѕвездите, прочитајте го викенд и неделниот хороскоп.

Реклама
IMG_20261104_145928_566