Дали ви се случува во есенските денови кожата да ви стане позатегната, ронлива или чеша? Ова се првите знаци дека треба да ја зголемите заштитата и хидратацијата и да ја подготвите за зимата. Не дозволувајте да се појават црвени траги или вашата кожа да почне да се лупи, туку почнете да се грижите за неа навреме.
Релаксирачка бања
Со оглед на тоа што ветрот и студениот воздух ја сушат кожата, лупат и поцрвенуваат, потребно е да ја зголемите нејзината хидратација. Дерматолозите велат дека секоја кожа има различна толеранција на студот и затоа треба да се подготвува со препарати прилагодени на одреден тип. Првиот чекор е да ја третирате вашата кожа со релаксирачка бања. На вас останува да изберете дали тоа ќе биде пена за капење, морска сол или есенцијални масла.
Туширање
Ако сте откриле дека вашата кожа е сува, треба да избегнувате туширање со топла вода. Топлата вода ја отстранува природната влажност од вашата кожа. Затоа, туширајте се кратко и по можност еднаш дневно со млака вода. Исто така, не ја полнете често кадата со топла вода, бидејќи високата температура во комбинација со хемикалиите за сушење создава сува кожа.
Знаци на сувост
Внимавајте на кожата под очите бидејќи има помалку лојни жлезди и затоа првите знаци на сувост се наоѓаат токму таму, објаснуваат дерматолозите.
Нанесете хидратантна крема
Ако вашата кожа се чувствува затегната и чувствителна, време е да ставите хидратантна крема. Кремата што ја користите во зима мора да содржи повеќе влага од онаа што ја користите во летните денови. Нанесете ja додека кожата е сè уште влажна – ова помага да се отстранат трагите од црвенило и да се поправат местата кои не се доволно хидрирани.
Чувајте ги усните
За време на студените денови, усните најбрзо ја губат влажноста. Брзо пукаат, особено кога често ги поминувате со јазикот, па најдобро е секогаш со себе да носите мелем или гроздова маст.
Исхрана
Дерматолозите препорачуваат и посебна диета која го зголемува имунитетот и на телото и на кожата. Затоа е многу важно да се јаде што повеќе свежо овошје и зеленчук богати со железо и витамин Ц, како и јаткасти плодови како лешници, бадеми и семки од тиква, кои се извор на витамини Е, Б и незаситени масни киселини.