По лупењето на компирите за ручек, повеќето домаќинки едноставно ја фрлаат кората од овој зеленчук во канта за ѓубре. Не се ни свесни дека на овој начин фрлаат вистинско богатство во ѓубре. Постојат бројни начини на кои можете да ја искористите лушпата од овој многу здрав зеленчук, кој повеќето домаќинки го користат многу често за ручек.
Компирот потекнува од Јужна Америка, кој е богат со бројни хранливи состојки, пред се јаглехидрати, протеини и шеќери. Кората на овој зеленчук содржи оксална киселина, која ги претвора нерастворливите соединенија на железо во растворливи сложени јони. Тоа практично значи дека кората од компирот е исклучително ефикасна за отстранување на ‘рѓата каде и да се појави во домаќинството.
За да извлечете максимум од ова соединение, натопете ја кората од компирот во вода и оставете ја да отстои 24 часа. Потоа додадете сода бикарбона додека не добиете паста која ќе ја отстрани рѓата брзо, лесно и едноставно.
Постапката е многу едноставна и доволно е оваа паста да се нанесе на рѓата, да се остави половина час и потоа да се измие. На овој начин можете да исчистите ‘рѓосани ножеви, ножици, градинарски алат, практично се каде што се појавила ‘рѓа.
Покрај лушпите, не фрлајте ја водата во која се вареле компирите. Варените компири процедете ги, оставете ја водата да се олади и искористете ја за полевање на внатрешните цвеќиња или оние во градината. На овој начин, добивте природно ѓубриво кое ќе направи вашите растенија да цветаат како никогаш досега.
Компирите се добри и за миење прозорци, особено за отстранување на најтврдокорните дамки од стаклото. Половина од компирот втријте го на стаклото и оставете неколку минути за да се формира тенок, проѕирен слој. Потоа попрскајте го со малку обична вода и само избришете го со чиста крпа.
Не само што вашите прозорци ќе бидат беспрекорно чисти, туку и нечистотијата ќе се лепи помалку. На овој начин можете да ги исчистите сите стаклени површини – прозорци, огледала, дури и стаклото од туш кабината.