Низ светот, секој ноември, брковите се насекаде – не само поради стил и имиџ, туку и како симбол на поддршка, солидарност и подигање на јавната свест за важноста на машкото здравје. Movember e месецот кога ги охрабруваме и ги поддржуваме мажите да преземат активен пристап кон своето #СкрозЈас, да се дотераат, да се прегледаат и да зборуваат отворено за своето физичко и ментално здравје.

Во духот на Movember, dm ви подготви едно изненадување – од 16.11.2025 до 30.11.2025 односно до истек на залихите, со секоја сметка над 999 денари за производи за нега на мажи, на каса добивате уникатен ранец, достапен во сите dm дрогерии низ земјата.
Широкиот асортиман на производи за мажи во dm нуди сѐ она што му е потребно на модерниот маж за нега на лице, тело и коса, како и за совршено негувана и обликувана брада. Гордо носете ги вашите ноемвриски бркови, а вашиот стајлинг одржувајте го со производите на dm марките Balea MEN, SEINZ, alverde MEN, како и останатите светски брендови од машката колекција достапни во вашата dm дрогерија.
Грижата за машкото здравје не треба да биде во фокус само еден месец во годината – со заедничка посветеност, поддршка и отворен разговор секојдневно може да се развива свеста за подобро здравје и поздрав дух .
*Понудата важи до истекот на залихите и не се однесува на машки парфеми, машки подарок сетови и styling производи.





