Посниот појадок не мора да биде здодевен – со малку планирање и летни состојки, може да стане вашиот омилен оброк во денот.
Посната исхрана во летните месеци може да биде предизвик, но и одлична можност да откриете нови вкусови и оброци богати со свежи намирници. Појадокот е најважниот оброк во денот, па затоа е важно и за време на пост да биде хранлив и вкусен.
Во продолжение ви претставуваме рецепт за ладна овесна каша што освојува со својата едноставност и летна свежина.
Состојки (за 1 лице):
- 4 лажици овесни снегулки
- 100 мл кокосово млеко (или друго растително млеко по избор)
- 1/2 банана (испасирана)
- Шака боровинки или малини
- 1 лажичка ленено семе (или чиа семки)
- Прстофат цимет
- 1 лажичка мед или агавин сируп (по желба)
- Може да наросите и со кокосово брашно
Подготовка:
Во тегла или чинија измешајте ги овесните снегулки, кокосовото млеко, пасираната банана, циметот и лененото семе. Добро промешајте и оставете во фрижидер преку ноќ (или барем 2-3 часа).
Пред сервирање, додадете свежо овошје, малку мед ако сакате послатко, и по желба ореви или бадеми за дополнителна крцкавост.
Предности:
Овој вид појадок освежува и го лади организмот, богат е со растителни влакна и здрави масти, и е практичен за носење (можете да го спакувате во тегла).