СВЕТ

Апсурдна сцена од Балканот: Лав „миленик“ нападна човек, сопственикот го смири со шлаканица (Видео)

Во една од најнеобичните и највознемирувачки сцени што доаѓаат од регионот, видео од Албанија прикажува момент кога играта со лав се претвора во вистинска борба за живот. Снимката стана вирална и привлекува внимание не само поради ризикот од чување диви животни како домашни миленици, туку и поради бизарната реакција на сопственикот – кој се обидува да го смири лавот со шлаканица.

Lav milenik napadna chovek vo Albanija

На видеото се гледа како човек се забавува со лавот, кој очигледно е нечие милениче. Во еден момент, играта излегува од контрола и предаторскиот инстинкт на животното се активира. Лавот го зграпчува човекот за вратот и го турка на земја.

Во изненадувачки пресврт, сопственикот на лавот пристапува и му удира силна шлаканица по главата, како да дисциплинира немирно куче. Збунет од реакцијата, лавот го пушта човекот и се повлекува. Среќата е што нападнатиот поминал без сериозни повреди, но инцидентот предизвика лавина коментари и ја отвори дебатата за опасностите од чувањето диви животни дома.

Напишете коментар

Back to top button