На 28 септември православната црква го празнува споменот на Светиот маченик Никита Готски. Тој бил познат по својата непоколеблива вера во Христос и храброста со која се спротивставил на прогонот на христијаните во IV век.
Кралот Атанарих жестоко ги мачел оние што ја исповедале христијанската вера, но Никита не се уплашил. И покрај суровите маки, останал доследен на својот завет и бил фрлен во оган, каде што маченички го предал својот живот.
Подоцна, неговите мошти биле пренесени во Цариград и почитувани како свети. Денес, Свети Никита е пример за храброст, духовна сила и непоколеблива вера.
Во Скопје, на местото наречено Тромеѓа, под кое се наоѓаат села Горњане, Бањане и Чучер-Сандево е сместен средновековниот Горњански манастир посветен на светителот Никита. Приказната за овој манастир ја слушнав од мајка ми, кога како медицинска сестра често ги посетувала селата во овој скопски крај.
Легендата која мештаните ја раскажуваат е за моќта на чудотворниот камен во манастирската црква, а велат оној кој тука ќе замисли желба за здравје и љубов, свети Никита ќе му ја исполни.
И додека се раскажува за моќта на чудотворниот камен, вистинската моќ доаѓа од моштите на светецот кој се закопани под манастирската црква.
Празникот секогаш се празнува на 28 септември, кога верниците се молат за храброст, заштита и победа над искушенијата.