Меркур, планетата на комуникацијата, го смени знакот и влезе во Вага, каде што ќе престојува до 6 октомври. Ваквата позиција на Меркур ќе им годи на Вагите, Водолиите и Близнаците.
Меркур во Вага носи изразена способност за комуникација преку дипломатија, убави зборови и балансирани ставови. Луѓето со овој положај умеат да ги согледаат различните страни на секоја ситуација и да ја најдат вистинската мерка помеѓу спротивставените мислења.
Луѓе што освојуваат свет
Нивниот збор е нежен, убедлив и често обојен со шарм, па лесно ги освојуваат соговорниците. Во исто време, тие се склони на размислување и анализирање на односите, бидејќи им е важна хармонијата во комуникацијата и меѓучовечките врски.
Неодлучност
Понекогаш им недостига одлучност, бидејќи се премислуваат и сакаат да избегнат конфликт, но токму таа способност да ги помират спротивностите ги прави одлични советници, преговарачи и пријатели.
Меркур во Вага поттикнува љубезност, фино изразување и интерес за уметност, правда и општествени теми, па преку овој положај најчесто се бара склад и убавина во зборовите и мислите.
Меркур во Вага носи одличен период за Вагите, Водолиите и Близнаците, но нема да им одговара на Јарците, Раковите и Овните.