Рецепти

Летен посен рецепт: Ладна овесна каша со кокос и овошје – готова за миг

Посниот појадок не мора да биде здодевен – со малку планирање и летни состојки, може да стане вашиот омилен оброк во денот.

Посната исхрана во летните месеци може да биде предизвик, но и одлична можност да откриете нови вкусови и оброци богати со свежи намирници. Појадокот е најважниот оброк во денот, па затоа е важно и за време на пост да биде хранлив и вкусен.

Ладна овесна каша со кокос и овошје

Во продолжение ви претставуваме рецепт за ладна овесна каша што освојува со својата едноставност и летна свежина.

Состојки (за 1 лице):

  • 4 лажици овесни снегулки
  • 100 мл кокосово млеко (или друго растително млеко по избор)
  • 1/2 банана (испасирана)
  • Шака боровинки или малини
  • 1 лажичка ленено семе (или чиа семки)
  • Прстофат цимет
  • 1 лажичка мед или агавин сируп (по желба)
  • Може да наросите и со кокосово брашно

Подготовка:

Во тегла или чинија измешајте ги овесните снегулки, кокосовото млеко, пасираната банана, циметот и лененото семе. Добро промешајте и оставете во фрижидер преку ноќ (или барем 2-3 часа).

Пред сервирање, додадете свежо овошје, малку мед ако сакате послатко, и по желба ореви или бадеми за дополнителна крцкавост.

Предности:

Овој вид појадок освежува и го лади организмот, богат е со растителни влакна и здрави масти, и е практичен за носење (можете да го спакувате во тегла).

Напишете коментар

Back to top button
close