Во духот на Movember, месецот за подигнување на свеста за грижа за машкото здравје, и како дел од својата општествено одговорна мисија, компанијата dm drogerie markt донира ваучери за реализирање на два типа на медицински прегледи во соработка со приватната болница Д.Мед Медикал , дел од германската групација D.med Healthcare.

Посетителите кои ќе бидат дел од големиот велосипедскиот настан „Пуштам брк, бркам здравје“, кој ќе се одржи на 16 ноември на Школка во Градскиот парк во Скопје со почеток во 11:00 часот, ќе имаат можност да остварат бесплатни консултации со доктори од различни медицински области – нефролог, кардиолог, уролог и општ лекар.
Покрај бесплатните медицински консултации, тие ќе имаат можност и да добијат ваучери за два типа на пакети со бесплатни медицински прегледи во болницата. Со еден ваучер може да се избере меѓу : ехо на уринарен тракт со простата и PSA маркер кој се препорачува за лица над 40 години или ехо на тестиси со beta-HCG и AFP кој се препорачува за лицата над 25 год. PSA тестот има големо значење во дијагностицирање и навремено лекување на карциномот на простата. Превентивните здравствени контроли не само што можат да спасат животи, туку и го подобруваат квалитетот на здравјето во вашето секојдневие.
dm drogerie markt со силна поддршка кон грижата за машкото здравје
Со оваа донација, како и со останатите активности кои се дел од кампањата Movember 2025, целта на dm е да ја подигне свеста за важноста на редовните медицински прегледи, особено во областа на урологијата и нефрологијата, како и да го отвори разговорот за најважните машки здравствени теми. Минатата година компанијата донираше и два цитоскоп апарати во вредност од над 360.000 денари на одделот за урологија, при Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
„Среќни сме што и оваа година преку донација за бесплатни медицински прегледи придонесуваме за поквалитетно машко здравје. Ги охрабруваме мажите да ги искористат ваучерите и да заземат превентивен и проактивен пристап кон своето здравје. Преку нашите проекти се трудиме да го отвориме разговорот за важни здравствени теми, и со обезбедување на финансиски и едукативни ресурси да поддржуваме иницијативи кои ги охрабруваат луѓето да превземат активна грижа за своето здравје“, изјавија од компанијата.
Заедно со докторите од Д.мед Медикал и учесниците на велосипедскиот настан „Пуштам брк, бркам здравје!“, компанијата dm drogerie markt испраќа јасна порака: превенцијата не чека – закажете преглед, зборувајте отворено и грижата за своето машко здравје претворете ја во навика.
View this post on Instagram





