ЗДРАВЈЕ

Овој Мовембер заедно со докторите од Д.мед Медикал ги разбиваме табу темите околу машкото здравје

Мажи, обрнете внимание! Длабоко всадените уверувања дека мажите не смеат да се жалат и да покажат слабост често водат до игнорирање на проблемите и здравствените закани, а токму ваквата апатија кон сопствената добросостојба е број еден причина за т.н. „глобална машка епидемија“ која го намалува животниот век на современиот маж. Во месецот посветен на мажите популарно наречен „Мовембер“, време е да ги адресираме табу темите поврзани со машкото здравје и да ја отвориме оваа многу потребна дискусија.

DSC01816

Предизвиците на современиот маж се покомплексни и поголеми од било кога досега, но на работите може да гледаме и од друг аспект: никогаш претходно мажите немале толку многу одговори на нивните проблеми.

Од иновативни медицински решенија, превентивни прегледи, третмани, простори за поддршка, па се’ до книги за самопомош и здруженија посветени посебно на оваа тема – мажите во денешницата имаат избор од мал милион начини на кои можат да научат повеќе за своето тело и да се грижат за него. Се’ што е потребно понекогаш е само мало охрабрување и подадена рака.

Naslovna dmed

„Најтешката одлука е да се покаже сомнеж за сопственото здравје или пак да се пријави слабост, најмногу поради застареното сфаќање дека мажот мора да биде храбар, непробоен суперхерој. Ние имаме различен пристап – ги охрабруваме мажите да се грижат редовно за своето здравје, да закажуваат прегледи и да ги потсетат нивните пријатели да го направат истото“,  вели Д-р Елена Бабаљ Бансколиева, специјалист интернист и супспецијалист нефролог од болницата Д.мед Mедикал.

Загрижувачката глобална статистика вели дека секоја година повеќе од милион мажи се дијагностицираат со рак на простата. Бројот на потврдени случаи на рак на тестиси расте и секоја наредна година се забележуваат околу 100.000 нови случаи на светско ниво. Притоа, секој маж над 40 години се соочува со некоја форма на еректилна дисфункција, што често придонесува и за пад на психичкото здравје. Овие здравствени закани не можат и не смеат да бидат табу теми, туку треба да бидат дел од секојдневната поширока дискусија за предизвиците на современиот маж.

Првиот чекор кон помагање на себеси е да соочувањето со проблемот и преземањето на акција. Нема ништо засрамувачко, ниту деградирачки во тоа да се побара помош, со каква ситуација и да се соочувате. Секој човек во својот приватен живот се соочува со проблеми, кои стануваат помали ако се споделат со другите. Без разлика дали се работи за проблем поврзан со физичкото здравје, сомнежи околу психичкото здравје, деликатна и интимна тајна околу репродуктивното здравје, никогаш не е срамота да се споделат овие работи со некого и да се побара помош. Бидејќи вистинските херои се грижат за другите, но и за себе.

…а редовните прегледи можат да помогнат да се откријат и превенираат овие болести пред да направат значителна штета на здравје. Секој трет маж е во опасност од појава на рак на простата, а секој петти од рак на тестиси.

„Редовните лекарски прегледи треба да бидат дел од распоредот на секој маж и да се случуваат барем еднаш годишно. Со редовни прегледи, мажите си даваат шанса за рано детектирање на многу опасни болести кои секоја година одземаат многу животи, ракот на простатата и ракот на тестисите како највпечатливи и најопасни меѓу нив“, додава д-р Марио Нанески, доктор по општа медицина од болницата Д.мед Mедикал.

А дискусијата за машкото здравје ќе биде главна тема цел овој месец, и тоа глобално, преку одбележување на популарно наречениот Мовембер. Овој месец традиционално е поврзан и со големиот велосипедски настан „Пуштам брк, бркам здравје“ во организација на dm drogerie markt, на кој оваа година возеа за машко здравје повеќе од 400 професионални и рекреативни велосипедисти. dm drogerie markt во соработка со Д.мед Медикал донираше и 200 ваучери за бесплатни медицински прегледи како поддршка кон грижата за машкото здравје овој месец.

Напишете коментар

Back to top button