Студентите на неколку државни факултети денеска беа изненадени со несекојдневна глетка – на нивните факултети се појавиja големи виолетови инсталации со текстот „Ова не е влошка“.
Во холовите на Педагошкиот и на Филозофскиот и Филолошкиот факултет на УКИМ во Скопје, како и на Педагошкиот факултет на УКЛО во Битола денеска можеа да се забележат големите и впечатливи инсталации, полни со алтернативни производи за менструална хигиена, како крпи, чорапи, тоалет хартија и слично. На самата кутија пишуваше „Ова не е влошка“ – порака која прави да се запрашаме колку од жените во земјата немаат пристап и услови за соодветна нега и дали во Македонија воопшто постои менструална правда?
View this post on Instagram
Инсталациите веднаш го привлекоа вниманието на студентите, кои љубопитно кружеа околу него обидувајќи се да идентификуваат од каде доаѓаат и кој ги има поставено на факултетите.
Зад поставувањето на инсталациите со алтернативни производи за менструална нега стои dm drogerie markt Македонија, која на овој уникатен начин сака да фрли светло над менструалната правда и предизвиците со кои се соочува секоја жена во нашето општество. Јасна слика за реалната ситуација може да се добие ако се погледнат резултатите од истражувањето на „Тииииит! Инк“ во соработка со „Реактор“, кое вели дека речиси секоја трета испитаничка одговорила дека барем еднаш во животот се нашла во ситуација да нема пристап или средства за менструална нега и морала да импровизира со крпи, тоалетна хартија и други алтернативи. Некои од учесничките изјавиле дека морале да се соочат со ваква ситуација и повеќе од еднаш.
А менструацијата не смее да биде луксуз. Поради оваа причина, dm drogerie markt во 2024 година го лансираше проектот #НикогашПовеќеСама, кој опфаќаше поставување на диспанзери со бесплатни влошки на државните факултети ширум земјата. Проектот, препознатлив по виолетовата боја и по заштитното лице Bestie, има за цел директно да влијаe на намалување на менструалната сиромаштија во Македонија.
Секоја четврта жена или девојка од земјава отсуствувала од работа поради менструални болки или поради недостаток од производи за менструална нега. Дури 41% од нив се обидувале или сѐ уште се обидуваат да ги скријат влошките (или другите менструални производи) кога ги носат во тоалет или ги купуваат во продавница, затоа што е „срамота да се гледаат влошките“. Кај младите генерации овој процент е 54%. Оваа статистика не смееме да ја прифатиме како нормална. Со проектот Bestie, dm ја повикува целата заедница да се ослободи од стигмата и од стравот, затоа што ниедна девојка нема да биде #НикогашПовеќеСама.