МАКЕДОНИЈА

Виталиа ја најави најголемата Детска трка досега

Со голема возбуда и задоволство, Виталиа го најави третото издание на традиционалната Детска трка, која ќе се одржи на 21 септември. Оваа година малите тркачи ќе имаат можност да се чувствуваат како вистински професионални атлети, бидејќи Детската трка ќе се одржи на атлетската патека на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје.

DSC 5023

Повеќе од 1.500 деца и родители минатата година го наполнија Градскиот парк и направија фантастична атмосфера за втората по ред Детска трка. А овојпат, Виталиа најавува уште подобра организација и уште повеќе забава за присутните.

И оваа година, пријавувањето на тркачи ќе се одвива по електронски пат за многу кратко време на сајтот трки.мк.

Детската трка е одлично место за најмалите да ги направат првите чекори во спортот и атлетските дисциплини, но и место каде што ќе можат да ги тестираат своите можности помеѓу своите врсници и другарчиња. Затоа, Виталиа ги повикува децата и нивните родители да го посетат настанот и да учествуваат во забавните активности кои се предвидени пред и по самата трка.

01 Post

Настанот ќе биде исполнет со различни интерактивни активности и предизвици кои ќе ги мотивираат најмладите да ги истражуваат своите способности и да го прифатат спортот како дел од нивниот секојдневен живот.

Од сигналот за почеток на трката па се’ до целта, Детската трка на Виталиа е местото каде што детскиот ентузијазам, возбудата и радоста се на прво место. Во оваа трка, сите се победници кои учат здрави навики и создаваат спомени кои траат цел живот.

Придружете ни се на овој настан и бидете дел од трката која ќе инспирира уште многу генерации во иднина!

Напишете коментар

Back to top button