МАКЕДОНИЈА

„Живеј со стил – поддржи различности“ ја заокружи својата патувачка мисија во Делчево

Со изложбата одржана на 6 ноември во НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево, беше заокружен циклусот на патувачките изложби во рамките на проектот „Живеј со стил – поддржи различности“, во организација на Здружението Икуалити, поддржано од Министерство за култура. Делчево како седми и последен град, беше домаќин на оваа уникатна културна иницијатива и со 32 портрети на лица со попреченост успеа да ја раскаже приказната за силата, инспирацијата и човечките вредности.

20250803 1821400 411c36ab 7efb 47b0 97ff f81337320891

Патувањето на 32 портрети започна на Илинден во Крушево, а потоа беше прикажана и во Гевгелија, Ресен, Велес, Крива Паланка, Свети Николе, како и Делчево, остави длабока трага во секоја средина, носејќи ја со себе силата на различностите како носечка мотивација за подобро општество.

20250924 193641

„Со завршувањето на оваа серија изложби, ја испраќаме моќната порака дека секој човек има свое место во културата и уметноста. Гордост ни е што преку уметност испративме порака дека културата е инклузивна и еднаквоста низ целата земја е важна мисија, за која ќе продолжиме да се залагаме и понатаму.“ – изјави Ружица Стојановска, проектен координатор во Здружение Икуалити.

20250924 194118

Патувачката изложба не завршува тука. Во декември, за време на новогодишната забава организирана од Здружение Икуалити, во Скопје ќе се одржи завршната изложба, која одново ќе ги прикаже сите 32 портрети и ќе понуди ново визуелно и емоционално доживување за граѓаните на главниот град, кои ќе бидат дел од прославата на уметноста, човечноста и различностите, како и можност да ги обедини на едно место учесниците, поддржувачите и љубителите на високи културно-општествени вредности.

20251030 123655

Со тоа, „Живеј со стил – поддржи различности“ не само што го заокружува својот пат низ Македонија, туку поставува темел за идни иницијативи што ќе продолжат да ја промовираат еднаквоста, уметноста и општествената солидарност.

IMG 8837

Напишете коментар

Back to top button