РЕЦЕПТИ

Домашна мусака – едноставна, сочна и неодолива!

Ако бараш совршен ручек кој ќе ги освои сите со мирисот и вкусот – оваа мусака е вистинскиот избор! Мека, кремаста и толку вкусна што ќе ја правиш пак и пак.

Домашна мусака

Потребни состојки:

  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 300-400 г мелено месо
  • 3-4 компири
  • 1 лажица ориз
  • Сол, бибер, вегета и црвен пипер
  • Малку масло
  • 3-4 јајца

Начин на подготовка:

Изрендај еден морков и една главица кромид. Пропржи ги кратко на малку масло.

Додај го меленото месо и пржи додека да добие убава златна боја.

Зачини со сол, бибер, вегета и црвен пипер.

Во тавче за печење нареди ред тркалца компири, па смесата со месото, попрскај малку ориз (околу 1 лажица) и пак ред компири.

Прелиј со зовриена вода – само колку да ги покрие компирите.

Печи на 220°C околу 50 минути, додека компирите не заруменат.

Потоа додај 3-4 матени јајца и врати во рерна уште 5 минути.

Резултатот? Мека, миризлива и кремаста мусака што едноставно се топи во уста.

Погледнете го видеото со целата подготовка тука:

Напишете коментар

Back to top button