ПРАЗНИЦИ

Денеска се празнува Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил – Аранѓеловден

Денеска, според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) е 6 септември и се празнува Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил, праник кој исто така се нарекува и празник на војводата на сите ангели. Инаку според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 септември.

Главниот празник на свети архангел Михаил се празнува на 8 ноември според Јулијанскиот календар. Се вика Собор на свети архангел Михаил. Денес, пак, црквата утврдила да се празнува споменот на неговите чуда што се случија во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна исто во спомен на неговите чуда беше подигната црква посветена на свети Архангел Михаил.

Архангел Михаил

Во ноември пак меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот Собор на свети архангел Михаил, меѓу народот попознат како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден. Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на свети архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили.

Тогаш именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка…

Напишете коментар

Back to top button