Наталија Данаилова повторно ја освои охридската публика со својот настап на престижниот фестивал „Охридски Трубадури“. Со емотивната изведба на песната „Бело утро“, таа успеа да се избори за второ место од жирито, а ја понесе и наградата за аранжман.
Песната „Бело утро“ е создадена од врвна авторска екипа:
Музика и текст: Весна Малинова
Аранжман: Дарко Тасев
Микс и мастер: Давор Јордановски
Ова беше втор настап на Данаилова на фестивалот – прв пат се претстави во 2021 година, а годинава повторно ја потврди својата музичка зрелост и препознатлив стил.
Публиката ја награди со силни аплаузи, а критиката ја истакна како една од најдобрите изведби на фестивалот. Со овој успех, Наталија Данаилова ја зацврсти својата позиција на домашната музичка сцена и покажа дека нејзиното време допрва доаѓа.