МАГАЗИН

Вистинското име на Брус Вилис го шокираше светот: Роден е во Европа и се вика сосема поинаку

Брус Вилис е еден од најпознатите холивудски актери на сите времиња, а публиката го памети по незаборавните улоги во филмови како „Умри машки“. Сепак, малкумина знаат кое е неговото вистинско име.

Брус Вилис

Актерот Брус Вилис е роден на 19 март 1955 година во Идар-Оберштајн, во тогашна Западна Германија. Неговите родители, Марлен и Дејвид Вилис, му го дале името Волтер Брус Вилис, што значи дека Брус всушност е неговото средно име, а вистинското име му е Волтер.

Оваа информација ги изненади многу фанови и предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Да потсетиме, актерот се повлече од Холивуд во 2022 година, кога му беше дијагностицирана афазија, а подоцна беше потврдено дека боледува од фронтотемпорална деменција – тешка болест на мозокот која влијае врз говорот, однесувањето и меморијата.

Неговата сопруга, Ема Хеминг Вилис, неодамна откри дека Брус сè уште ја препознава семејството и се труди да го одржи контактот.

– Кога сме покрај него, неговото лице се озарува. Нè држи за раце, нè гушка и бакнува. Тоа е сè што ми треба – изјави таа.

Брус и Ема имаат две ќерки, Мејбл (13) и Евелин (11). Од првиот брак со Деми Мур, Вилис има уште три ќерки: Румер (37), Скаут (34) и Талула (31).

Напишете коментар

Back to top button