По кусо боледување денеска во Скопје почина пејачката на народна музика Небахат Бади Бекир.
Бекир од дете била членка на играорна група и истовремено ги изучувала македонскиот и турскиот фолклор. Почнала да пее на фестивал на забавна музика во 1985.

Бекир снимаше народни песни на македонски, турски и албански јазик и повеќепати била на турнеја низ поранешна Југославија. По распадот на Југославија најмногу пееше македонски народни песни.
Во 2002, Бекир со уште неколку колеги одржа концерти низ Австралија и стана членка на женската фолк група „Четири грации“, заедно со Росана Сариќ-Тодоровска, Адријана Алачки и Благица Павловска.
Нејзината колешка Блага Петреска се прости од неа со емотивни зборови:
-Најубавата и најдобра колешка, незаборавна. Бог да ја прости“, напиша Блага Петреска и сподели статус од пријателката која на Фејсбук се вика Гоца Детла, а е позната менаџерка и хуманитарен работник.
-Драга моја Бади. Тешко е да се најдат вистинските зборови кога срцето е скршено.
Ти беше една светла душа што знаеше да сака, да дарува и да инспирира.
Благодарам за секоја песна, секоја насмевка и секој момент што ќе го носам како топол спомен од тебе. Нека твојот глас и твојата добрина живеат вечно низ сите што те сакаа.
Благодарам што постоеше и во мојот живот, што беше дел од гостите на сцената на многу мои настани, но и дел од сцената наречена живот збогатена со многу наши заеднички дружби.
Почивај во мир, вечна барбико. Нека твојата убавина блеска сега како најсјајна sвезда и нека небото ти ги отвори вратите со истата чистота со која ти ги отвораше срцата кон луѓето. Засекогаш ќе бидеш дел од сите што те сакавм“, нашиша пријателката на Бади Бекир.
Погребот ќе се одржи утре на градските гробишта „Бутел“ од 12:15 часот.





