МАГАЗИН

Ким Кардашијан го шокираше Париз: Го прослави роденденот во фустан кој открива повеќе отколку што покрива! (ФОТО)

Ким Кардашијан го прослави својот 45. роденден со гламурозна забава во Париз.

Може ли Ким Кардашијан, по рекордниот број модни шокови, повторно да ја заинтригира јавноста со својот стил? Без разлика дали станува збор за креативноста на дизајнерите или нејзината сопствена имагинација и храброст да облече буквално сè, одговорот е – да. Фустанот што го носеше синоќа на роденденската забава во Париз тоа најдобро го докажува.

Kim Kardashijan 45ti rodenden

Ким славеше во друштво на семејството и пријателите, меѓу кои беше и актерката Тејана Тејлор. Овој пат, ѝ довери целосна креативна слобода на култната модна куќа Givenchy, која дизајнираше фустан во стил на грчка божица – изработен од бел тул и метален корсет во златна боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Корсетот максимално ги истакнува нејзините гради, а острите врвови дополнително го нагласуваат деколтето. Белата ткаенина е минимално искористена, бидејќи здолништето е екстремно кратко – доволно само за да може комбинацијата да се нарече „фустан“.

Белите ленти и деталите од ист материјал околу рацете придонесоа изгледот да задржи доза на елеганција, но провокативните елементи се тие што доминираат.

Kim Kardashijan 45 ti rodenden

Ким потсетуваше и на грчка божица и на модерна воинствена жена. Имајќи го предвид нејзиниот помпезен начин на претставување низ годините, ваквото впечатливо модно издание не е никакво изненадување.

Ако би кажала што навистина мисли за себе, веројатно би се споредила со божица на универзумот. Каков став – таков и фустан. А познавајќи ја, веќе утре веројатно ќе надмине и ова модно издание.

Напишете коментар

Back to top button