АСТРОЛОГИЈА

Неделен хороскоп од 10 до 16 ноември 2025 година

Оваа недела започнува под влијание на ретроградниот Меркур и страствената Венера во Скорпија, па љубовта, комуникацијата и старите приказни ќе бидат главна тема. Некои ќе се соочат со луѓе од минатото, а други конечно ќе најдат храброст да затворат поглавје што долго ги мачело. Периодот е одличен за искрен разговор, простување и ослободување од емоционален товар.

ОВЕН
Неделава ве очекува мешавина од возбуда и нервоза. Можни се мали недоразбирања со партнерот, но ако се смирите и не реагирате импулсивно, ситуацијата брзо ќе се среди. Слободните Овни би можеле повторно да се сретнат со некоја стара симпатија. На работа – внимавајте на рокови и документи, ретроградниот Меркур носи мали пропусти.

БИК
Љубовта ви е на ум, но и финансиската стабилност. Можно е мало несогласување со партнерот околу трошоци. Ако сте сами, една личност од вашето опкружување ќе покаже интерес за вас, но ќе треба време да ѝ верувате. На работен план – добивате поддршка од колеги или надредени.

БЛИЗНАЦИ
Се чувствувате раздвоено меѓу разумот и срцето. Ретроградниот Меркур силно влијае на вас, па не брзајте со важни одлуки. Во љубовта, можно е повторно да се појави некој што мислевте дека е минато. На работа, не ветувајте нешто што не можете да испорачате -зборовите сега имаат тежина.

РАК
Вашата чувствителност е засилена, но токму тоа ќе ве приближи до оние што ве сакаат. Во врска сте во фаза на искрен разговор и повторно поврзување. Ако сте слободни, не одбивајте покана за кафе – може да се роди нешто убаво. Финансиски, бидете внимателни со заеми и долгови.

ЛАВ
Енергијата ви се враќа! По неколку збунувачки денови, конечно добивате јасна слика за тоа што сакате. Во љубовта блескате и привлекувате внимание, особено од личност со која ве врзува заедничка страст. На работа – можно е признание или неочекувана понуда.

ДЕВИЦА
Неделата ви носи потреба да се повлечете и да размислите. Премногу анализирате, што може да ве оддалечи од блиските. Пуштете ги емоциите слободно. Ако сте во врска, избегнувајте критики – партнерот е почувствителен од вообичаено. Во финансиите се отвора мала, но стабилна можност за дополнителна заработка.

хороскоп

ВАГА
Фокусот ви се префрла од љубовта кон практичните работи. Постојано размислувате како да го подобрите животниот стандард. Во љубовта, можно е некој да се обиде да ви влезе под кожа, но ќе бидете воздржани. Добро време за кратко патување или обновување контакт со пријател од минатото.

СКОРПИЈА
Вашиот шарм е на врвот! Венера во вашиот знак ве прави магнет за внимание и љубов. Ако сте во врска, сега е идеален момент за искрен разговор или романтичен гест. Слободните Скорпии ќе привлечат личност со длабока енергија и интензитет. Финансиски – следува мала добивка или подарок.

СТРЕЛЕЦ
Се чувствувате авантуристички и желни за промени. Можно е патување или планирање нова работа. Во љубовта, ретроградниот Меркур може да врати некоја стара порака или неочекуван контакт со поранешен партнер. Не реагирајте брзоплето – не секоја врата вреди повторно да се отвора.

ЈАРЕЦ
Периодов ве тера да бидете сериозни, но не и без емоции. Љубовта станува подлабока, а некои Јарци ќе почувствуваат дека од пријателство се раѓа нешто повеќе. На работа ќе се соочите со нови одговорности, но и можност за докажување. Чувајте ја енергијата – телото ви бара одмор.

ВОДОЛИЈА
Иако изгледате смирено, во вас се одвива вистинска бура мисли. Еден разговор може да реши многу недоразбирања, затоа не бегате од искреност. Слободните Водолии би можеле да се сретнат со некоја Девица или Близнак што им ја враќа насмевката. Планирајте подобро – импулсивноста сега не ви оди во прилог.

РИБИ
Интуицијата ви е најголем сојузник оваа недела. Љубовта е топла и емотивна, но внимавајте да не ја идеализирате личноста покрај себе. Некои Риби ќе добијат порака од стар познаник која ќе ги вознемири, но и ќе разбуди спомени. На работа – можност за нов проект или соработка со странство.

Совет на ѕвездите за сите знаци:
Не брзајте со одлуки. Оваа недела е време за анализа, мир и разговори што носат ослободување. Љубовта нека биде искрена, но трпелива.

Напишете коментар

Back to top button