АСТРОЛОГИЈА

Љубовен хороскоп од 10 до 16 ноември 2025 година: За Вагите парите се поважни од љубовта, а еден знак ќе започне врска со разведена личност

Ретроградниот Меркур потсетува на стари приказни, додека Венера во Скорпија носи страст, флерт и неодоливи погледи кои ја будат фантазијата.

ОВЕН
Страстите се разгоруваат, но и нервозата расте. Ако сте во врска, внимавајте импулсивноста да не прерасне во расправија. Слободните Овни може да се занесат со некој што им го подига адреналинот, но не и чувството на сигурност. Сепак, авантурата ќе ви прија. Кај некои Овни, Венера во Скорпија може да донесе запознавање со разведена личност.

БИК
Топлината на Венера ве обвива, а емоциите стануваат подлабоки. Партнерот покажува повеќе внимание, а и вие се отворате на понежен начин. Слободните Бикови може да започнат нешто што наликува на стабилна врска. Внимавајте на љубомората, бидејќи сте премногу заштитнички настроени.

БЛИЗНАЦИ
Ретроградниот Меркур се приближува, па партнерот тешко ќе ве разбере. Слободните Близнаци би можеле да запознаат интересна личност преку работа или социјалните мрежи. Ќе имате потреба да ги обновите контактите од минатото. Не сте рационални поради влијанието на ретроградниот Меркур.

РАК
Се чувствувате ранливо и носталгично. Ако сте во врска, потребни ви се мир и разбирање поради ретроградниот Сатурн во Риби. Слободните Ракови ќе запознаат магнетична Скорпија која може да им го помати разумот. Ќе ве привлекуваат Скорпии и Стрелци.

ЛАВ
Вашето срце блеска во полн сјај. Љубовта и вниманието ве опкружуваат, а вие зрачите со самодоверба. Ако сте во врска, партнерот ве гледа со восхит. Слободните Лавови можат да освојат некого само со насмевка. Марс во Стрелец ви носи љубов со личност од странство.

ДЕВИЦА
Можно е да дојде до ситни недоразбирања, бидејќи премногу го анализирате партнерот. Пуштете емоциите да ве водат, а не разумот. Ретроградниот Меркур ќе влијае силно врз вас, како и врз Близнаците, па можно е да донесете нерационални одлуки. Внимавајте што зборувате.

љубовен хороскоп

ВАГА
Парите ви се поважни од љубовта. Ве привлекуваат личности кои се материјално постабилни од вас. Марс во Стрелец ви носи нови познанства во соседството. Можно е пократко патување или излет. Емоционално сте затворени, но еден Стрелец може да ве разбуди.

СКОРПИЈА
Длабоки чувства ве преплавуваат. Ако сте во врска, сега се отвораат теми за доверба и искреност. Слободните Скорпии привлекуваат внимание како магнет, бидејќи Венера силно влијае на вашиот знак. Пред вас е недела во која ништо не е невозможно.

СТРЕЛЕЦ
Љубовта ве движи, а авантурите ве привлекуваат. Ако сте во врска, заедничките планови и патувања ве зближуваат. Сепак, ретроградниот Меркур што започнува на 10 ноември носи повик од минатото. Можно е обновување на контакт со поранешен партнер.

ЈАРЕЦ
Чувствувате потреба за сигурност и стабилност. Партнерот ви е потпора, но и вие треба да покажете повеќе топлина. Слободните Јарци може да влезат во врска со личност која изгледа сериозно, но во себе крие нежна страна. Венера во Скорпија носи и можност за љубов која ќе се роди од пријателство.

ВОДОЛИЈА
Ретроградниот Меркур и вам ќе ви ги замрси конците, па можно е да станете опседнати со Девица или Близнак од минатото. Можно е и ненадеен средба со личност што одамна не сте ја виделе. Во подобра сте фаза за романтични средби отколку во претходните недели.

РИБИ
Во врските се будат блискост и разбирање, додека слободните Риби лесно можат да влезат во однос што ќе почне како филм, бидејќи Венера во Скорпија го прави своето. Само внимавајте да не ја идеализирате личноста премногу. Ретроградниот Меркур на некои Риби ќе им донесе обновување на стара врска.

Напишете коментар

Back to top button