Нашиот Македонец кој со години ги живее париските соништа, повторно се враќа на регионалната музичка сцена – но овој пат, посилен – „Јачи него икад”! Новиот сингл на Даниел Тренчовски буквално експлодираше на социјалните мрежи и за неверојатно кратко време се претвори во вирален тренд што го запали целиот Балкан.

Песната која е инспирирана од вистинска животна приказна, ја носи онаа ретка доза искреност по која публиката веднаш ќе препознае дека не е само уште една комерцијална продукција. Напротив, Даниел овојпат раскажува нешто лично, вистинито и болно, но во исто време моќно, со порака за борба, издржливост и надминување на сопствените граници.
И да, повторно докажа дека е човек-оркестар: текстот и музиката се негови, а звукот го гради од корен – без компромиси и без шаблони. Професионалниот аранжман е реализиран во студијата на Гранд продукција во Белград, што само ја потврдува продукциската сериозност и амбиентот на голема сцена.
Она што најмногу го „пали” интернетот е и видеоспотот. Снимен на повеќе локации во Париз, под светлата на градот кој никогаш не спие, визуелно носи истиот „high energy” пристап каков што има и песната. Во него се појавува српско мото–друштво, кое со својата посебна енергија и хардкор моторџиски стил внесува адреналин, уличен шмек и автентичен дух.
Но најмоќните сцени се без конкуренција – токму оние под Ајфеловата кула, каде Даниел доминира како вистински интернационален артист. Кинематографијата, динамичната режија и силната атмосфера му даваат на видеото глобален изглед, како да е извлечено од светските музички канали.
Публиката ја прифати „Јачи него икад” со редок ентузијазам. Реакциите се одлични, коментарите позитивни, а бројките на стриминг платформите и TikTok предизвиците секојдневно одат нагоре. Посебно импресионира тоа што песната станува хит без агресивен маркетинг – туку исклучиво преку луѓето што ја слушаат, ја споделуваат и ја пеат.
Со овој сингл, Даниел Тренчовски уште еднаш докажува дека е артист со јасна визија и сериозен меѓународен потенцијал. Публиката го сака, медиумите го следат, а тој најавува. уште многу многу нови проекти. Со свој уникатен звук, впечатлив имиџ и се поголема фан-база, Даниел дефинитивно станува едно од најзборуваните имиња на балканската музичка сцена.
И ако судиме по овој сингл – неговиот момент само што започна.





